Рафаел Надал објасни зошто навива за Реал, а не за Барса

Во интервју за Corriere della Serra славниот тенисер Рафаел Надал откри неколку лични работи за себе, од политички ставови и тенисот до ситуацијата со коронавирусот.

Луѓето умираат од вирусот, но и од глад

„Јас сум млад и мојата физичка состојба е многу добра, но ако се заразам јас, можам да заразам некој кој спаѓа во ризичната група. Се грижам за моите родители, за семејството и за општеството. Ова се најтешките моменти во нашиот живот и се многу поважни од тениски меч. Против пандемијата мора да се бориме со почит кон другите, кон оние кои ги сакаме и со разбирање и логика“, вели тенисерот, додавајќи:

„Луѓето умираат од вирусот, но може да умрат и од глад, важно е да ја најдеме рамнотежата меѓу здравјето и работата односно меѓу здравјето и социјалната заштита“, вели Надал.

Голем навивач на Реал Мадрид

Интересно е што 34-годишниот Шпанец е голем навивач на Реал Мадрид и покрај фактот дека неговиот тренер и чичко Тони Надал играше за Барселона.

„Татко ми и целото семејство отсекогаш биле мадристи. Кога мојот чичко почна да игра за Барселона, ние му дадовме поддршка. Потоа се врати во Мајорка и од тогаш бевме поделени, некои навиваат за Барселона, а некои за Реал Мадрид“, искрено призна Надал.

По кариерата ќе се посвети на децата

Поради проблеми со колената, многумина сметаа дека тенисерот ќе се пензионира пред триесеттата година, но тој има 34 години и сè уште игра на врвно ниво. Сепак, крајот на кариерата еднаш ќе биде неизбежен, а Надал ги откри плановите по пензионирањето.

„Ќе знам кога ќе биде крај кога ќе дојде времето. Тогаш ќе се посветам на децата. Мојата фондација помага на деца кои се во ризик од општествена изолација. Им даваме храна, образование и спорт. Работам и на проектот „Повеќе од тенис“, кој поддржува 20 училишта за деца со инвалидитет. Во Индија исто така имаме проект кој помага на децата во улиште да учат англиски јазик и информатика“, изјави Надал во интервјуто.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе