Рак на дојка може да се лечи без хемотерапија, тврдат шпански научници

Истражувањето на меѓународен тим научници спроведено во 21 болница во Шпанија покажува дека ракот на дојка може да се лечи и без хемотерапија.

Научниците истражувањето го спровеле на нешто над 5 илјади пациентки низ Шпанија.

Речиси секоја осма жена во текот на својот живот може да пати од рак на дојка, што е главна причина за смртноста кај жените кои боледуваат од тумор, пишува Шпанската асоцијација за борба против рак. Поради тоа во оваа земја им се посветува големо внимание на истражувањата кои се поврзани со лекувањето на рак на дојки, па така истражувањето именувано како RxPONDER било спроведено во вкупно 21 шпанска болница.

Д-р Бегоња Бермехо, член на истражувачкиот тим кој се бави со рак на дојки при Универзитетската клиника во Валенсија, каде, помеѓу другите, е направено ова истражување, вели дека резултатите покажуваат како хемотерапијата не мора да се применува на жените во постменопауза кои боледуваат од хормонски (HR) позитивен карцином или HER 2 негативен карцином.

Научниците објаснуваат дека со таквиот пристап би им се олеснило лекувањето на заболените, бидејќи би се избегнале негативните ефекти од хемотерапијата.

„Според резултатите од истражувањето, исклучувањето на хемотерапијата кај оваа група на заболени, кај кои кај една третина биле зафатени и лимфните јазли, не ја влошува прогнозата. Согласно тоа, кај оваа група заболени, хемотерапијата не мора да се применува“, вели д-р Емилио Алба, шеф на онколошкото одделение при Универзитетската болница во Малага.

Истражувањето било спроведено кај повеќе од 5 илјади жени заболени од овие два типа на рак на дојка, кои се и најчестите подтипови кои ги погаѓаат заболените.

Стандардниот третман во лекувањето, кој се применува веќе три децении, е хемотерапија со хормонална терапија, а лекувањето може да трае со години. Научниците сега тврдат дека кај некои пациентки може да се дава само хормонална терапија, доколку тоа се потврди преку генски тест кој би дал одговори на веројатноста за повторна појава на канцерот и колку би била успешна хемотерапијата.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе