Раката што дава не се суши: Модерните жени од Македонија донираа 160.000 денари преку модна аукција

Во рамки на кампањата „Денови за донирање“, вчеравечер се одржа добротворна модна аукција.

Шеснаесет модни дизајнерки и дизајнери донираа модни парчиња кои беа ставени на добротворна аукција и од кои се собраа донации во износ од над 160.000 денари за донаторскиот фонд на Конект од каде со грантови ќе се поддржат програми на граѓански организации. Годинава фондот ќе поддржи активности за заштитата на нашите шуми од пожари, едукацијата на младите, развојот на децата со попреченост со помош на технологија и првата „изнајмувачница“ на помагала за сограѓаните кои се борат со ракот.

На специјалното шоу што го водеа од гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески и Никола Трајковски од Конект, над 120 присутни, вљубеници во модата и филантропијата се наддаваа донирајќи за мало богатство на дизајни на Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, Terziya, „Bella“, „Milkbride“, Александар Стојанов - Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова, Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.

„Модата е многу повеќе од само облека, таа е двигател на културата и начин на живот кој мора да стане одржлив и погрижлив за луѓето, живиот свет и природата. Од тука тргна и инспирацијата на креативниот тим на овој уникатен настан во кој секој донира дел од својата креативност, ресурси и душа. Се радуваме што ова станува традиционален настан и филантропско движење на македонските креативци.“ изјави Виктор Мирчевски, програмски директор во здружението Конект и дел од креативниот тим што волонтерски работеше на каталогот за аукцијата во чија продукција беа вклучени студенти на „Скала“ (Тео Костовски и Ана В’чкова) под менторство на фотографот Дејан Џолев.

„Денови за донирање“ е национална кампања на Конект што ги инспирира поединците, семејствата, бизнисите и заедниците да се здружат и заедно да донираат на низа начини и настани достапни во календарот на кампањата до почетокот на декември, како и на www.opop.mk и телефонската линија 143 333 за споменатите иницијативи.

Иницијаторот на добротворната модна аукција, модниот дизајнер Никола Булески – Буле, изјави: „Раката што дава не се суши - е позната македонска поговорка која отсекогаш ме инспирира. Сите ние во одреден период од животот имаме потреба од подадена рака. Низ мојот развој честопати ми беше потребна помош и ја добивав од блиски луѓе, но и од само познаници кои прераснаа во мои пријатели. Не можев на сите да им возвратам со иста мера, но научив како да го следам нивниот пример и да помагам на други на кои навистина им е потребна помош. Не за да покажам колку сум моќен, туку да станам подобар човек и да помогнам во градењето на подобро општество.“

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од здружението Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

реклама

Живот

Родителски навики што можат да ја нарушат самодовербата кај децата

Read more

Еден вид мачки се сметаат за најмирни домашни миленици: Совршено се вклопуваат во секој дом

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Најголемата туристичка стапица во Италија

Read more
 

Магазин

Родителски навики што можат да ја нарушат самодовербата кај децата

Читај повеќе

Невролог откри два рани симптоми кои укажуваат на деменција

Читај повеќе

Еден вид мачки се сметаат за најмирни домашни миленици: Совршено се вклопуваат во секој дом

Читај повеќе

Што е exercise snacking? Метод на вежбање што не треба да го планирате во вашиот распоред

Читај повеќе

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Читај повеќе

Зошто треба да почнете редовно да кревате тегови?

Читај повеќе

Кој е најпреценетиот зеленчук кој баш и не мора да го јадеме?

Читај повеќе

Ребра глазирани со мед и пекарски компир

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемата туристичка стапица во Италија

Читај повеќе