На 4 март

Ракета Falcon 9 на SpaceX ќе удри во Месечината и ќе експлодира

Ракета Falcon 9, која во 2015 година беше лансирана од SpaceX, ќе удри во Месечината и ќе експлодира.

Станува збор за ракетата Falcon 9 која успешно ја изврши својата мисија, но немаше доволно гориво да се врати кон Земјата, па остана во вселената. Астрономот Џонатан Мекдавел за BBC изјави дека ова ќе биде прв познат неконтролиран судир на ракета и Месечината, но ефектот ќе биде мал.

Ракетата е напуштена во високата орбита пред 7 години, откако успешно изврши мисија на испраќање метеоролошки сателит. Беше дел од програмата на истражување на вселената од основачот на SpaceX, Илон Маск, а со цел колонизација на други планети.

Од 2015 година на ракетата делуваат различни гравитациски сили кои потекнуваат од Земјата, Месечината и Сонцето, поради што нејзините движења се прилично хаотични.

„Таа е мртва, само ги следи законите на гравитација“, вели Мекдавел.

Ракетата се смета за вселенски отпад, машинерија исфрлена во вселената по вршење мисија.

„Во последнните неколку децении настанаа околу 50 големи објекти кои веќе не може да ги следиме. Ова можеби се случило многу пати претходно, но ние не сме го забележале. Ова е првиот потврден случај“, објасни астрономот.

До судир ќе дојде на 4 март, кога ракетата ќе експлодира по контакт со површината на Месечината.

„Во суштина, тоа е празен метален резервоар тежок 4 тони, а ракетниот мотор се наоѓа во задниот дел. Ако замислите фрлање на ова кон карпа со брзина до 1.400 км/час, јасно ви е што ќе се случи“, вели Мекдавел.

По судирот ќе се создаде мал „вештачки“ кратер на површината на Месечината.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе