Ракета на тркала: Brabus 800
Во Brabus како основа го земаа моделот Mercedes AMG E63 S кој сега ја носи ознаката 800.
Автомобилот го движи 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор кој испорачува 800 коњски сили, што е повеќе од 188 КС од моделот на кој е базиран.
Зголемен е и максималниот вртежен момент кој сега изнесува 1.000 Nm.
Опремен е со 4Matic погон на сите четири тркала и 9-степен автоматски менувач, а од 0 до 100 км/ч забрзува за само 3 секунди.
Засега не е позната цената, но од компанијата соопштија дека ќе ги исполнат желбите на сите клиенти.
Погледнете ја галеријата.