„Ракијче, вино, мастиче и кафенце...“ нова песна за Тиквешијата
Прекрасна мелодија со уште поубава лирика ни доаѓа од Тиквешкиот крај.
Песната наречена токму „Тиквешкиот Рај“ е во изведба на „Колектив Бенд“, но е компонирана од Лазар Каров, македонски иселеник во САД кој својата љубов за родната Тиквешија решил да ја претвори во ноти.
„Другарот Лазар долги години живее и работи во САД, но љубовта кон родниот град, маалото, фамилијата, се неговата инспирација за творештво и напредок, па и покрај далечината со желба да направи нешто за своето родно место, ја компонира песната 'Тиквешкиот Рај' и ја подарува на 'Колектив Бенд', за што сме бескрајно благодарни. Уште еднаш од срце му се заблагодаруваме на нашиот Лазар и му посакуваме успешна кариера“, велат дечките од бендот кои одлично ја изведоа подарената нумера.