ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА 2022

Ракометарите ги добија противниците за квалификациите за ЕУРО 2022

Македонските ракометари ги добија противниците во квалификациите за ЕУРО 2022 година.

За пласман на континенталниот собир, кој ќе се игра во Унгарија и Словачка, „црвено-жолтите“ ќе треба да се изборат со Швајцарија, Финска и Данска.

ЕП 2022 ќе се игра во препознатливиот термин во месец јануари, а квалификациите ќе стартуваат во месец ноември.

Квалификациите ќе стартуваат на 4 ноември, а ќе завршат на 2 мај идната година.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од сите групи како и четирите најдобри третопласирани селекции.

Шампионатот ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.

Брестовац: Не е ниту лесна, ниту најтешка група

Селекторот на машката ракометна репрезентација по добивањето напротивниците во квалификациите за ЕУРО 2022 изјави дека групата „не е ниту лесна, ниту најтешка“.

„Групата е коректна. Не е ниту лесна, ниту најтешка. Данска е фаворит, а со Швајцарија и со Финска можеме до позитивен резултат на сите натпревари. Ни преостанува период за подготовка и анализа на противниците и се надевам дека сите репрезентативци ќе имаат запазени улоги во своите екипи и ќе бидат максимално подготвени за квалификациските дуели“, изјави Брестовац.

Квалификациски групи за пласман на ЕУРО 2022:

Група 1: Франција, Србија, Белгија, Грција

Група 2: Германија, Австрија, Босна и Херцеговина, Естонија

Група 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови

Група 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел

Група 5: Словенија, Холандија, Полска, Турција

Група 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија

Група 7: Данска, Македонија, Швајцарија, Финска

Група 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово

Термини на одигрување на натпреварите:

1 коло: 04/05 ноември 2020

2 коло: 07/08 ноември 2020

3 коло: 10/11 март 2021*

4 коло: 13/14 март 2021*

5 коло: 28/29 април 2021*

6 коло: 02 мај 2021*

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе