ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Ракометарите загубија од Тунис

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе и четвртиот пораз откако потклекна пред четвртата по ранг африканска репрезентација, селекцијата на Тунис со 27:33.

Нашите ракометари лошо го отворија натпреварот и во првите неколку минути не можеа да го најдат патот до мрежата на Тунижаните, кои пак постигнуваа голови и поведоа со 5:0. Потоа Македонија го намалуваше водството кое гласеше 4, 3 и 2 гола разлика, наизменично менувајќи, сѐ до крајот на првото полувреме кога дојдовме и до -1, а на пауза се замина со 16:14 за Африканците.

Второ полувреме го почнавме далеку подобро. Откако Тунис го постигна својот 17-ти гол, Македонците направија серија од 4:0 и за првпат на овој натпревар дојдоа до водство (18:17). Водството го одржувавме во наредните неколку минути, а потоа откако Тунис израмни на 21:21 повторно почна да го контролира резултатот.

До крајот Тунижаните само го зголемуваа водството за на крајот да слават со 6 голови разлика и конечни 33:27.

Најефикасен на натпреварот беше Тунижанецот Мохамед Дармул со 8 голови, а потоа следуваа Филип Кузмановски и Дејан Манасков со по 7.

Овој пораз за Македонија значи дека најверојатно нема да бидеме први во Президентс куп групата, па со Мароко во 3. коло ќе се бориме за 2. место и плеј-оф за пласман на 27. место. Мароко денеска го совлада Алжир со 28:27. Натпреварот ќе се игра в понеделник од 18 часот.

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе