Искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос денеска е на лекарски прегледи во Париз.
Како што пренесува ESPN, Рамос најпрвин ќе ги заврши прегледите, а потоа ќе потпише договор со ПСЖ.
Шпанскиот фудбалер во редовите на парискиот клуб ќе пристигне како слободен агент откако му истече договорот со Реал Мадрид.
Рамос неодамна се збогуваше со Реал со кој претходно не успеа да постигне договор за продолжување на соработката.