ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос ќе го напушти Пари Сен-Жермен и нема да потпише нов договор, а денеска ќе го одигра последниот натпревар за оваа екипа.

Рамос како слободен играч ќе бара нов клуб за кој ќе игра, а претходно се споменуваше дека би можел да замине и во Саудиска Арабија и кариерата да ја продолжи во некој од тамошните богати клубови. Според Фабрицио Романо, тој ќе донесе одлука наскоро, по договор со семејството.

URL

На својот Instagram профил напиша проштална порака.

„Утре ќе биде посебен ден, утре ќе се збогувам со втората фаза од мојот живот. Збогум ПСЖ. Не знам на колку места можете да се чувствувате како дома, но без сомнение, за мене ПСЖ и неговите навивачи беа едни од тие места“, напиша Рамос и продолжи:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

„Ви благодарам за двете посебни години во кои играв за вас и дадов се од себе. Одам на нови предизвици, ќе носам поинаков дрес, но прв и последен пат: АлезПари!“, заврши Шпанецот.

URL

Вкупно, Рамос одигра 57 натпревари во дресот на ПСЖ, постигна 5 гола и забележа една асистенција. Кога дојде во Парис долго време беше повреден, што се одрази на бројот на настапи.

Со овој клуб освои две титули во Лиг 1 и еден Суперкуп на Франција. ПСЖ вечерва ќе ја заврши сезоната со дуел против Клермон на домашен терен (21 ч.), а претходно ја завери шампионската титула. Клубот ќе го напушти и Лионел Меси.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Фудбал

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Read more

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Read more

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Read more

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе