Ранет со нож чувар на францускиот конзулат во Саудиска Арабија

Саудиец е уапсен откако со нож го прободел чуварот на францускиот конзулат во Џеда, град во Западна Саудиска Арабија, соопштија официјални саудиски медиуми и француската амбасада во таа земја.

„Напаѓачот беше уапсен од саудиските сили на редот веднаш по нападот. Чуварот е пренесен во болница и неговиот живот не е во опасност. Ги повикуваме нашите сонародници во Саудиска Арабија да покажат максимална будност“, пишува во соопштението на француската амбасада.

Полицијата во провинцијата Мека, каде се наоѓа Џеда, соопшти дека напаѓачот бил Саудиец, но не ја одреди националноста на чуварот, кој бил полесно повреден. Француската амбасада во Ријад остро го осуди овој напад. Ниту амбасадата ниту саудиските власти не го наведоа мотивот за нападот.

Нападот се случи во време на гнев на Блискиот Исток и во муслиманскиот свет, разгорен и од некои високи државни претставници на муслиманските земји, против францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека Франција нема да се откаже од карикатурите на пророкот Мухамед, што предизвика повици за бојкот на француските производи во арапските земји. Муслиманите ширум светот го слават раѓањето на пророкот Мухамед овој четврток.

реклама

Пробајте нешто ново: Извонредни трикови за незаборавна предигра

Read more

Бил Гејтс: Треба да се подготвиме за нова пандемија

Read more

Прељубниците имаат навики кои ги издаваат: Дали сте ги забележале?

Read more

Зависност од порнографија: Кои се симптомите и како точно се лекува?

Read more

Свет

Гебрејесус: Постои ризик сиромашните да бидат прегазени во стампедото за вакцина

Read more

Израел годинава извршил 35 напади врз Сирија

Read more

Воздухот во Европа е значително подобрен, но сепак предизвикува многу смртни случаи

Read more

Масовно тестирање во Италија откри 3.180 асимптоматски случаи

Read more

Вести

Словенец со години го криел телото на покојната мајка поради пензијата

Читај повеќе

Мицкоски: Формирање на ковид комисија и што поскоро полициски час

Читај повеќе

Гебрејесус: Постои ризик сиромашните да бидат прегазени во стампедото за вакцина

Читај повеќе

Израел годинава извршил 35 напади врз Сирија

Читај повеќе

Дневен ковид биланс: 387 новозаразени и 35 починати

Читај повеќе

Ѓоргиев: Бугарските барања се апсолутно неприфатливи за нас, дијалогот да продолжи

Читај повеќе

Воздухот во Европа е значително подобрен, но сепак предизвикува многу смртни случаи

Читај повеќе

Ангелов: Ситуацијата е под контола, обезбедувањето на болниците ќе биде превентивно

Читај повеќе

Вакцината против COVID-19 во државава ќе стигне во првите месеци од 2021 година

Читај повеќе