Распишани конкурсите за поезија и плакат за 14. издание на „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша конкурси за поезија и плакат за годинашното издание на Фестивалот.

Поезијата и дизајните, со кои ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да бидат социјално ангажирана и да разработуваат теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

На конкурсот секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе четиринаесет години по ред - исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот, велат организаторите.

Покрај конкурсот за поезија, распишан е и тој за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој и мирот.

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истата електронска пошта- (poetizapromena@gmail.com) или на фејсбук профилот на оваа манифестација најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2024 година во Струмица.

Дизајнот на плакатот за годинашното издание на оваа манифестација е на Стефан Јакимовски, универзитетски професор и мултимедијален уметник.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more
Страшно невреме во Москва, 11 мртви (видео)

Страшно невреме во Москва, 11 мртви (видео)

Read more
Скопска Апелација: „Бомбите“ се прифаќаат како докази на СЈО

Скопска Апелација: „Бомбите“ се прифаќаат како докази на СЈО

Read more
Почина сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн

Почина сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн

Read more

Култура

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Read more

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе