УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2021/22

Расплаканиот Мурињо: Ова е нашата Лига на шампиони

Португалскиот стратег е навикнат да се бори за титули, но очигледно синоќешниот успех со тимот од италијанската престолнина и тоа како го трогна.

Рома синоќа го совлада Лестер со 1:0 благодарение на голот на Теми Ејбрахам и со вкупни 2:1 (првиот натпревар заврши 1:1) го сруши сонот на Џејми Варди и останатите „Лисици“ и се избори за учество во првото финале од најновото натпреварување на УЕФА.

Веднаш по последниот судиски свиреж Жозе Мурињо се расплака од среќа и веднаш истрча во тунелот кон соблекувалните.

URL

Нешто подоцна даде изјава за новинари со која ги објасни своите солзи.

„Многу сум емотивен. Ова е нашата Лига на шампиони. Кога работите во Рим, кога живеете во Рим, вие го дишете овој клуб бидејќи е вистинскиот клуб на градот. Уште од првиот ден тука почувствував дека е голем клуб, но со малку победи, многу малку финалиња. Историјата не е приврзана кон социјалната димензија на клубот“, рече тој, воедно пецнувајчи ги и навивачите на Лацио, другиот великан од Рим. Сепак, За Рома повеќе се навива во централните населби од градот, додека вистина е дека Лацио ужива поддршка од периферијата.

„Успеавме да изградиме солиден тим кој растеше чекор по чекор така што да можеме да совладаме премиерлигашки клуб. Се разбира, сум имал многу поголеми моменти од овој, но не чувтсвувам само за мене, чувствувам и за луѓето и за моите играчи“, додаде.

Многу поприсебен и без солзи беше Мурињо на официјалната прес-конференција по натпреварот каде говореше дека Рома е една голема фамилија каде сите, буквално сите од играчи до секој обичен навивач, се сплотени.

Remote video URL

За Мурињо ова ќе биде петто финале во клупските натпреварувањата на УЕФА. Прво со Порто во 2003 го освои УЕФА купот, а наредната 2004 направи сензација освојувајќи ја Лигата на шампионите. Потоа истото го повтори во 2010 со Интер, по што следуваше и пехар во Лига Европа со Манчестер Јунајтед во 2017 година. Има и еден пораз, во Суперкупот во 2017 кога со Јунајтед загуби од Реал Мадрид во оној незаборавен натпревар за сите нас, тука во Скопје.

Римјаните на европско финале чекаат од 1991 година кога последен пат играа финале, нажалост неславно бидејќи загубија од ривалот Интер. А, пак, европски трофеј „Волчицата“ нема од далечната 1961 година кога триумфираше во Купот на саемските градови, натпреварување кое во 1971 година стана УЕФА куп.

Големото финале на Европа конференциската лига е закажано за 25 мај од 21 часот на „Ер Албениа“ стадионот во Тирана каде противник на Рома ќе биде холандски Фејнорд кој синоќа одигра без голови кај Марсеј и со победата од 3:2 од првиот натпревар во Ротердам се избори за финалето.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе