Расте отпорот кон мобилизацијата во Русија, запалени 20 канцеларии за регрутирање

Алекс Роси, дописник за Sky News од Москва, пишува дека отпорот кон мобилизацијата полека, но сигурно, расте во Русија.

Во изминатите пет дена, откако рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на 300.000 резервисти за војната во Украина, се одржаа низа протести против мобилизацијата, при што беа приведени повеќе од 2.000 луѓе.

Знаци на посериозен бунт

Роси вели дека протестите се мали, но значајни со оглед на фактот дека се одржуваат во „Русија на Путин“, каде што не се толерира непослушност. Има знаци и за посериозен бунт против мобилизацијата.

Биле запалени најмалку 20 канцеларии за регрутирање.

Сè уште нема значајно антимобилизациско движење, но колку подолго тоа трае, толку е поголема веројатноста дека движењето ќе расте.

Не е изненадувачки што Путин долго ја одложува мобилизацијата, според Роси, кој ја опишува како „стратегија со висок ризик за него и неговиот режим“.

Млад Русин убил командант при обид да биде мобилизиран

Вооружен маж беше уапсен откако денеска отворил оган во канцеларија за регрутирање војска во руската област Иркутск, изјави локалниот гувернер.

Вооружениот маж, кој на полицајците им се идентификува како 25-годишниот Руслан Зинин, отворил оган на воената служба во градот Уст-Илимск.

Посебно видео од пукањето покажува како тој пука барем еден истрел во та канцеларија за регрутирање.

Антон Герашченко, советник на министерот за надворешни работи на Украина, го сподели видеото на својот Twitter профил, велејќи дека Зинин го убил командантот на канцеларијата за регрутирање.

„Командантот Александар Јелисив беше застрелан четири пати од непосредна близина. Убиецот е Руслан Зинин, роден 1997 година, 'делумно мобилизиран'. Тој одлучи дека затворот е подобар од смрт во Украина“, напиша Герашченко.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе