Успешната манекенка Емили Ратајковски, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени во светот, ги изненади сите со храбрата промена на фризурата.

Имено, таа на својот Instagram профил објави серија фотографии на кои позира на кревет, а сите веднаш забележаа дека Емили се откажа од долгата кафена коса и сега има многу кратка фризура.
Оваа промена воопшто не им се допадна на нејзините следбеници.
„Се надевам дека ова е перика“, „Кога жените ќе сфатат дека кратката коса на никого не му стои?“, „Само бабите можат да носат кратка коса“, „Ова е страшно“, „Изгледа ужасно“, се нижеа реакции.
Сепак, еден коментар особено се истакна.
„Дајте ѝ недела дена и заменката 'таа' ќе ја замени со „тоа/тие'“, напиша еден следбеник, но оваа шега на многумина не им се допадна.
За потсетување, Емили Ратајковски го роди своето прво дете пред две години. Тогаш изјави дека ќе го воспитува родово неутрално, додека тоа само не одлучи каков пол ќе биде.