Разбиваме митови: Антиваксери, овие работи не ви држат вода

Вакцинирањето против COVID-19 е еден од најсигурните начини да се заштитите од коронавирусот.

Иако имунизацијата против SARS-CoV-2 не е задолжителна, здравствените работници препорачуваат секој кој може, да прими вакцина во онолку дози колку што е предвидено. Секако, има исклучоци и во консултација со вашиот лекар можеби ќе биде заклучено дека сега не е најдобро време да се вакцинирате, но тоа е далеку од аргументирањето, па дури и лобрањето против примањето вакцина.

Ова се најпопуларните аргументи против вакцинирањето што може да се слушнат од антиваксерите

„Не сакам да добијам COVID-19 од вакцината“

Буквално е невозможно да се добие COVID-19 од која било вакцина бидејќи ниту една не содржи дури ни дел од вистинскиот коронавирус.

„Не знаеме кои се долгорочните несакани ефекти од вакцинацијата“

Сите можни несакани ефекти на вакцините скоро секогаш се појавуваат „во првите две недели и секако во првите два месеца од вакцинацијата“, рече Ашиш Џа, декан на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Браун во САД.

Поради оваа причина, здравствените експерти побараа од Агенцијата за лекови на САД да почекаат најмалку два месеца откако учесниците во испитувањето ја примиле вакцината пред итно да ја одобрат вакцината за сите граѓани.

„Вакцината може да влијае на мојата плодност“

Тоа е чиста глупост, вели д-р Пол Офит, директор на Центарот за едукација за вакцинација во Детската болница во Филадефија.

Нема докази дека луѓето ја изгубиле плодноста поради вакцината против COVID-19.

„Не е твоја работа ако не сакам да се вакцинирам“

Одбивањето да се прими вакцина против COVID-19 всушност влијае на многу луѓе - вие, вашите најблиски и вашата земја како целина.

Дури и ако вашите пријатели и роднини биле вакцинирани, а вие не сте го направиле тоа сепак можете да го носите и ширите вирусот.

Ако не се вакцинирате, дозволувате вирусот да се реплицира и потенцијално да создава нови варијанти отпорни на имунизација.

„Јас сум млад/а и здрав/а, не ми треба вакцина“

Младите луѓе можат да развијат долгорочни компликации како резултат на COVID-19, кои вклучуваат хроничен замор, болка во градите, отежнато дишење и вртоглавица.

Младите лесно можат да бидат преносители на коронавирусот.

Некои млади луѓе страдаат од цитокинска бура поради COVID-19, што се случува кога нивниот имунолошки систем претерано реагира и со тоа потенцијално предизвикува сериозно воспаление и други сериозни симптоми, пишува CNN.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе