
Околу 2 часот полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д. С. (45) од село Долно Лакочереј, Охридско.
Околу 1:50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, Струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б. М. (48) и М. М. (46).
Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајдени пиштолот и патроните. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.