Razer го претстави своето најлесно гејмерско глувче досега

Компанијата Razer го претстави најлесното компјутерско глувче за гејмери ​​во својата историја.

Глувчето наречено Viper Mini Signature Edition тежи само 49 грама, што значи дека е 16 проценти полесно од моделот Viper V2 Pro.

Егзоскелетот на глувчето е направен од легура на магнезиум со полушуплива внатрешност и има мала сличност со глувчето SteelSeries Aerox 3 Wireless.

„Сакавме да го надминеме традиционалниот дизајн на саќе, а тоа бараше материјал со супериорен сооднос сила-тежина. По евалуацијата на пластиката, јаглеродните влакна и титаниумот, на крајот избравме легура на магнезиум поради нејзините одлични својства“, вели Чарли Болтон, шеф на одделот за индустриски дизајн во Razer.

Remote video URL

Од компанијата велат дека глувчето ја користи нејзината најбрза безжична технологија и спаѓа во групата безжични глувчиња со најдобри перформанси.

Глувчето има оптички сензор Razer Focus Pro 30K, оптички прекинувач Gen-3 и технологија HyperPolling Wireless со polling rate од 4.000 Hz. Polling rate е брзината на комуникација помеѓу глувчето и компјутерот, односно колку често глувчето го известува компјутерот за својата позиција.

Батеријата на новото глувче трае до 60 часа, а потребни се помалку од 90 минути за целосно полнење преку USB-C портот.

Глувчето од 1 февруари се продава преку веб-страницата на Razer за 280 долари.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Хардвер

Најголемите заблуди за батеријата и полнењето на мобилниот телефон

Read more

Купување лаптоп: Како да одберете некој што ќе трае долго?

Read more

Redmi покажа како полни батерија од 0 до 100% за помалку од пет минути

Read more

Како да го полните телефонот за да ви трае подолго батеријата?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе