ФОРМУЛА 1

Разгаленото дете на кое тато му плаќа да вози во Формула 1

Ф1
А.С.
/ 25.03.2021 / 18:59

Формула 1 се враќа викендов со трка во Бахреин и, доколку нема сензационални промени, сè ќе биде исто на врвот.

Ќе треба да се случи чудо Луис Хамилтон и Мерцедес да не доминираат во сезоната, Ред Бул веројатно ќе биде втор, но многу поинтересно ќе биде на средината и на дното на гридот.

Екипите целосно ги ротираа возачите и само Мерцедес и Вилијамс ја задржаа истата возачка постава, додека сите други тимови ги сменија возачите. Има многу прашања за тоа како некои играчи ќе се справат во новата средина и под новите очекувања, но дефинитивно најголемата непозната е Хас, кој оваа сезона, во која ќе се возат 23 трки, започнува со целосно млади и неискусни возачи и целосно нов визуелен идентитет. Хас ги отпушти своите долгогодишни возачи Кевин Магнусен, како и Ромен Грожан, кој за малку ќе умреше минатата сезона во Бахреин, кога – неверојатно - излезе жив од огнената стихија што го голташе неговиот болид.

Бело-црвените болиди ќе ги возат Мик Шумахер, синот на седумкратниот светски шампион, и многу помалку познатиот Никита Мазепин, синот на рускиот милијардер Димитри, благодарение на кого Хаас преживеа и оваа сезона. И на сите им е јасно што значи тоа.

Очекувањата се големи од Мик Шумахер, бидејќи, прво - тој е син на Ф1 легенда и второ - затоа што постигна одлични резултати во пониските категории. Сјајниот 22-годишен Мик беше шампион во Формула 2 минатата година и ја освои титулата во Формула 3 две години порано и ќе биде многу интересно да се следи развојот на младиот Шумахер за кој се предвидува одлична кариера.

Рускиот милијардер плаќа син му да вози во Формула 1

Неговиот соиграч Никита Мазепин исто така ќе биде под лупа, но не затоа што се очекува премногу од него. Младиот Русин, кој неодамна наполни 22 години, е во болид на Хас само од една причина: татко му беше единствениот кој сакаше да инвестира посериозни пари во тимот на Хас. Димитри Мазепин ќе плати 20 милиони долари за „играчката“ на син му по сезона. Покрај тоа, Мазепин инсистирал да се стилизира руско знаме на болидите и тимот да го носи името Уралкали Хас, според неговата компанија за ѓубрива.

Ова не е ништо ново во Формула 1. Канадскиот богаташ Лоренс Строл го направи Рејсинг Поинт (Aston Martin Cognizant во оваа сезона) респектабилен тим во кој се натпреварува неговиот син Ленс. Полската влада со години ја финансираше кариерата на Роберт Кубица, за да ја испромовира Полска, а мексиканските државни фирми Telmex и Telcel платија огромни суми пари за да може Серхио Перес да го задржи местото во Формула 1.

Но, сите тие возачи се покажаа многу добри или одлични, особено Перес, кој дотурка до Ред Бул каде сезонава ќе биде колега со Макс Верстапен. Ленс Строл не е најдобар на гридот, но се покажа како многу брз, додека Кубица со години имаше солидна кариера во Формула 1.

Што можеме да очекуваме од Мазепин зад воланот на Хас? Судејќи според она што го покажа досега во својата „кариера“ – сè и сешто.

Формула 1 отсекогаш била полна со интересни и живописни ликови кои воодушевувале и оние кои не биле опседнати со овој спорт. Имаше секакви момци. Студени, пресметливи и совршени победници како Михаел Шумахер, луѓе поголеми од животот како Аиртон Сена, тотални „лудаци“ како Кими Раиконен или неодамна Макс Верстапен. Тука се и шоумените како Даниел Рикардо, се врати и Фернандо Алонсо, а сите уживаат во талентот на Шарл Леклер, чиј Ферари оваа година веројатно ќе биде подобар од минатата. Луис Хамилтон е приказна за себе.

Најлошиот од сите „татини синови“

Сите споменати возачи и десетици неспоменати, иако некогаш контроверзни, беа главно позитивни ликови за кои не можеше да се каже ништо премногу грдо. Затоа Никита Мазепин ќе биде под лупа.

Тој е „лошото момче“ кое можеби ѝ требаше на Формула, сите ќе бидат против него и од ден во ден прави сè за да го зајакне дополнително својот злогласен статус.

Мазепин не е толку ново лице во Формула 1. Со години тој беше повремен тест возач на Форс Индија, а во меѓувреме се натпреваруваше во Формула 2, каде не постигна премногу забележителни резултати што би го турнале кон Ф1. Експертите се согласуваат дека тој е најлошиот возач од сите „татини синови“ во Формула 1.

Сепак, Русинот привлече многу поголемо внимание со своите потези кои не беа директно поврзани со патеката, иако таму редовно предизвикуваше несреќи и намерно налетуваше на противниците и беше казнуван.

Додека се натпреваруваше во Формула 3, Мазепин го претепа ривалот Калум Илот по трката затоа што сметаше дека направил грешка на патеката. После трката дојде кај Британецот и со тупаница го тресна двапати во главата, нанесувајќи му повреди на вратот, вилицата и коските на лицето.

Малку подоцна, тој се најде во центарот на вниманието откако бранеше свој следбеник на Instagram кој расистички го навредуваше Јуки Цунода, тогашен возач на Формула 2, кој од оваа сезона е член на АлфаТаури. Еден од неговите следбеници на социјалната мрежа, кој е исто така Јапонец, му се пожали на Мазепин за расистичкиот коментар, а младиот Русин одговори: „Добредојдовте во реалноста“. На коментарот дека Цунода не заслужува победа во Формула 2 и дека подобро е да се врати во театарот кабуки, Мазепин одговори со смајлиња.

Влезници за трки во замена за разголени фотографии

Социјалните мрежи се полни со скриншотови од преписката на Никита со девојки на кои им нуди акредитации и билети за трките во Формула 1 во замена за разголени фотографии.

„Имаш добар задник, ама не се гледа добро. Всушност, немам време за девојки кои глумат тешко достапни. Ако дојдеш на некоја трка, јави ми се“, ѝ напишал Мазепин на една девојка.

Најголемиот скандал Никита го предизвика кога, откако беше објавено дека ќе вози за Хас, на социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа како малтретира девојка во автомобил. Мазепин е снимен како ја фаќа за градите девојката седната на задното седиште, иако таа се обидува да се одбрани. Шефот на Хас, Гинтер Штајнер, мораше да изготви соопштение во кое го бранеше неговиот најголем спонзор, велејќи дека Хас нема да го толерира таквото однесување.

Единствената изјава што Мазепин ја даде во пресрет на оваа сезона е за Мик Шумахер.

„Неговото презиме ништо не ми значи. Ние не сме пријатели, само стари картинг колеги. Очекувам целосно отворена борба. И да, јас сум подобар од него“, рече Русинотс.

Од Мазепин не се очекува да постигне големи резултати, но нема сомнение дека ќе се зборува и ќе се пишува за него оваа сезона.

реклама

Како изгледаат првите Viber стикери со македонски знаковен јазик?

Read more

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Read more

Русија официјално ги прогласи САД и Чешка за непријателски држави

Read more

Какви промени да очекувате ако трчате редовно цел месец?

Read more

Ф1

Откажана трката за ГН на Турција, австриски Шпилберг домаќин на две трки

Read more

Верстапен: Се надеваме дека болидот на Ред Бул ќе стане малку побрз

Read more

Разгаленото дете на кое тато му плаќа да вози во Формула 1

Read more

Мерцедес го презентираше болидот за новата Ф1 сезона

Read more
 

Спорт

  • filter

15 мај 1987, роден е тенисерот Енди Мареј

Читај повеќе
  • play_arrow

Феран Торес, мајсторе!

Читај повеќе

Откажана трката за ГН на Турција, австриски Шпилберг домаќин на две трки

Читај повеќе

Пирло: Интер беа подобри и пожелни за успех од нас

Читај повеќе
  • play_arrow

УЕФА ја презентираше официјалната песна за ЕУРО 2020

Читај повеќе
  • play_arrow

Манчестер Јунајтед постави негативен рекорд по примени голови на домашен терен

Читај повеќе

Мекгрегор најплатен спортист во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар со иронична порака: Ви благодарам што ме лишивте од финалето

Читај повеќе

Истанбул може да биде домаќин на финалето во ЛШ во 2023

Читај повеќе