Разликувајте ги симптомите на грип и настинка од симптомите на коронавирусот

Губењето на осетот на мирис кој може да се појави кај заразените со коронавирусот е единствен и поинаков од оној што го искусиле луѓето со тешка настинка или грип, велат европски истражувачи.

Кога пациент со COVID-19 ќе го изгуби чувството за мирис, тогаш тоа обично се случува ненадејно. Обично заразените немаат проблеми со течење на носот или со затнат нос, повеќето луѓе со коронавирус и понатаму слободно може да дишат. Тоа што ги открива таквите пациенти е вистинското губење на вкусот, пишува BBC.

Не се работи за тоа дека нивниот сетило за вкус на некој начин е ослабено затоа што немаат чувство на мирис, објавија истражувачи во списанието Rhinology. Пациентите со коронавирус кои го изгубиле чувството на вкус навистина не можат да разликуваат горчливо од слатко. Експертите се сомневаат дека тоа се случува затоа што вирусот ги напаѓа нервните клетки директно вклучени во осетот за мирис и вкус.

Главни симптоми се висока температура, кашлица, губење на мирис или вкус

Секој со овие симптоми би требало да се самоизолира и да договори тестирање за проверка. Членовите на семејството исто така треба да се изолираат за да се спречи можно ширење.

Професор Карл Филпот од Универзитетот Источна Англија направи истражување, тестирајќи ги сетилата за мирис и вкус на 30 волонтери од кои 10 со COVID-19, 10 со тешка настинка и 10 здрави без настинка или грип. Губењето на мирис кај пациенти со COVID-19 било значително поизразено. Тие полошо ги идентификувале мирисите и не биле воопшто во состојба да разликуваат горчливо од благо.

Професорот смета дека ова е многу интересно затоа што тестовите за мирис и вкус можат да се користат за да се разликуваат заболените со COVID-19 од луѓето со настинка и грип.

Осетот за мирис и вкус се враќа во рок од неколку недели

Тој смета дека луѓето сами дома можат да ги тестираат своите сетила за мирис и вкус, користејќи производи како што се кафе, лук, портокал, лимон и шеќер, но, и понатаму се неопходни дијагностички тестови и брисеви од нос и грло ако некој се сомнева дека е заразен.

Професор Ендру Лејн од американскиот Универзитет Џон Хопкинс спроведе истражување за тоа како коронавирусот може да предизвика губење на мирисот и резултатите ги објави во European Respiratory Journal.

Во истражувањето се пронајдени исклучително високи нивоа присутни само во подрачја на носот, задолжени за мирис. Се смета дека тој ензим, наречен ACE-2, е влезна точка која овозможува коронавирусот да влезе во клетките и да предизвика инфекција. Носот е едно од местата на кои вирусот SARS-CoV-2 влегува во телото.

„Сега спроведуваме повеќе експерименти во лабораторија за да видиме дали вирусот навистина ги користи овие клетки за влегување и инфекција на телото. Ако е тоа случај, можеби би можеле да се бориме против инфекцијата со антивирусни терапии кои се земаат директно преку нос“, вели професор Лејн за BBC.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе