Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Повеќето руски медиуми изразија изненадување од одлуката на Србија за купување на кинескиот ракетен систем за противвоздушна одбрана FK-3, а во придружните коментари, постои и разочарување што не е нарачано руското оружје С-300.

Како што се наведува во неколку текстови, руските автори ги информираат читателите дека Србија се определила за FK-3 „наместо рускиот С-300“, поставувајќи го сето тоа како да е веќе договорена зделка, а не како последица на интензивното пишување на некои српски медиуми, анализира порталот Балканска безбедносна мрежа.

– На неколку места постои став за изневерени очекувања и оценки дека Србија се поставила како поделена личност, затоа што во исто време негува пријателство со Русија, се стреми да се придружи на Западот, а купува оружје од Кина, наведува порталот Балканска безбедносна мрежа.

Веб-страниците како LƐNTA·RU и AEX.ru наведуваат дека Србија „и покрај желбата на мнозинство од населението“ наместо С-300 го купила кинескиот ракетен систем, иако според неименувани и неофицијални воено-дипломатски извори од Москва, имало преговори за набавка на системот С-300 ПМУ-2 следната година.

Руската Газета.Ru потсетува дека Србија по набавка на артилерискиот ракетен систем „Панцир С-1Е“ во медиумите изразувала интерес за набавка на С-400, а порталот известува и за детали во кои српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали ќе дојде до набавката, кажал дека „нема пари за такво нешто“ и дека Србија ќе „штеди“.

Весникот го цитира и директорот на Центарот за стратегиска анализа, Руслан Пухов, кој верува дека Србија добила многу поволни финансиски услови од Кина за набавка на FK-3, веројатно во форма на безкаматен кредит, затоа што на Кина ѝ е важно воената опрема да ја пласира на пазарот на „реномирани земји“ од европскиот континент.

Гласот на Америка на руски јазик со неутрален тон известува за аквизицијата и потсетува дека таа претставува продолжение на воената соработка со Кина започната за време на набавката на беспилотните летала CH-92, иако Србија традиционално се потпирала на Русија, набавувајќи од таа земја авиони, тенкови и оклопни транспортери.

Руската новинска агенција Sputnik, во текстот на српски јазик, инсистира на тоа дека кинескиот FK-3 има „потекло“ од рускиот С-300, кој таа земја го купила во 90-тите години и ги цитира претставниците на српската експертска јавност, дека купувањето оружје секогаш е и политичкото прашање, поради што Србија мора да балансира и да избегне американски санкции.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе