Разумни трансфери: Реал Мадрид
YouTube каналот за Tifo Football презентира информативни, илустрирани фудбалски анализи. Во најновиот серијал „Разумни трансфери“ ги анализира најдобрите варијанти за трансфери кои ќе им годат на клубовите, финансиски и организациски.
Следни за анализа се Реал Мадрид. Флорентино Перез тврди дека клубот нема да прави големи потези во летниот трансфер период, со оглед на тоа дека пандемијата сериозно се одрази на нивните финансии. Тоа ќе значи огромно скршнување од досегашните навики на Реал Мадрид, па кои се опциите на штедливиот „Кралски клуб“ сега?