Шпанските медиуми излегоа со информација дека Норвежанецот бил позитивен на тестирањето, но клубот штотуку излезе со соопштение во кое демантира и наведува дека сите се негативни.
Реал Мадрид демантираше дека има заразен во своите редови. Напротив, сооштија дека целиот тим, вклучувајќи ги фудбалерите и стручниот штаб, излегле негативни на тестирањето направено во понеделникот.
„Реал Мадрид известува дека по последните тестирања за COVID-19 направени над нашиот прв тим и нивниот тренерски штаб, сите резултати излегоа негативни“, стои во клупското соопштение.
Медиумите во Шпанија, дури и познатиот Marca, се истрчаа да пренесат дека Мартин Одегард е позитивен на коронавирусот. Додатно, шпекулираа дека можеби заразил и други бидејќи во неделата играше против Реал Сосиедад, а синоќа беше и на клупскиот тренинг.