КОПА ДЕЛ РЕЈ 2020/21

Реал се посрамоти во купот, испадна од третолигаш

И комбинираниот состав на Зидан не смееше да си дозволи бламажа, особено имајќи го предвид рангот на противникот.

Заврши авантурата на Реал Мадрид во Копа дел Реј. Третолигашот Алкојано се покажа тврд орев за комбинираниот тим на Зинедин Зидан, кој дури и со влегувањето во игра на првотимците успеа да загуби.

Мадриѓаните поведоа во последната минута од првото полувреме кога Едер Милитау погоди за водство. По паузата се очекуваше Реал да го зацементира пласманот, но студен туш се случи на десет минути пред крајот кога Хосе Солбес ја затресе мрежата на украинскиот голман Андриј Лунин кого Зидан го постави помеѓу стативите за овој натпревар.

За да се добие победник натпреварот замина во продолженија. Во игра веќе влегоа Карим Бензема, Марко Асенсио, Еден Азар и Тони Крос кои требаше да ја донесат победата.

Во 110. минута се чинеше патот кон победа е и тоа како отворен откако домашниот играч Рамон Лопес поради втор жолт картон мораше предвреме да се упати кон соблекувалните. Но, пет минути подоцна, Алкојано и со играч помалку постигна победнички гол преку 30-годишниот Хуанан Касанова, за кого овој гол веројатно е врв во неговата кариера.

Алкојано е изненадувањето кое обезбеди пласман во осминафиналето каде веќе се Реал Сосиедад, Ваљадолид, Навалкарнеро, Гранада, Алмерија, Севиља, Валенсија, Жирона, Бетис, Осасуна, Леванте, Рајо Ваљекано и Виљареал.

Кралскиот клуб нема триумф во ова натпреварување од сезоната 2013/14 кога и последен пат стигна до финалето.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе