Компанијата Realme го претстави својот нов смартфон Realme C17 кој ќе биде достапен и на глобалниот пазар.
Realme C17 пристигнува со 6,5-инчен LCD HD+ екран со фреквенција на освежување од 90 Hz.
На задната страна се сместени 4 камери. Главната камера има 13 MP(f/1.8), ултрашироката од 8, макро од 2 MP и мохоромен сензор од 2 MP. Напред е селфи камерата од 8 MP.
Уредот доаѓа со Qualcomm Snapdragon 460 процесор, 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Го напојува батерија од 5.000 mAh која поддржува 18W полнење.
Realme C17 од 24 септември ќе биде достапен во Lake зелена и Navy сина боја, а ќе чини 160 евра.