[Рецензија] „Batman vs. Superman: Dawn of Justice“

Од одамна психички се подготвив за плејадата на суперхеројски филмови и серии што ќе ги окупираат нашите животи овој период и најверојатно наредните 20 години, па добро знам што планирам да гледам, а што не, што сакам да биде добро и што навистина ќе биде добро од сите овие наслови. За „Batman vs. Superman: Dawn of Justice“ го мислев и очекував најлошото.

Главната причина за ова е фактот што неговиот претходник, „Man of Steel“, беше епско промашување на повеќе нивоа: изборот на актер за Супермен (Хенри Кавил изгледаше феноменално на првата фотка од филмот, но разочара кога отвори уста и покажа дека покрај тоа што треба да се врати на овие часови по глума што ги пропуштил, треба да прочита нешто за ликот), обидот за портретирање на мрачен Супермен (клучен збор „обид“) , тоталното промашување на Лоис Лејн, многуте дупки во приказната, и можеби најголемиот проблем со овој филм беше тоа што не успеа да го долови Супермен, вистинскиот Супермен во суштината. Делуваше како режисерот, сценаристите, актерот и сите останати да не се информирале доволно кој е Супермен.

Затоа, „Man of Steel“ ќе ми остане запаметен како единствениот филм од кој посакав да си заминам на пола проекција, изреволтирана и исфрустрирана и спремна да снимам YouTube клип посветен на Холивуд и Зек Снајдер во кој што извикувам „Leave Superman alone“ плачејќи и молејќи веќе да не ми го чепкаат и свернават омилениот лик.

Нормално, не направив ништо од тоа. Ама ова искуство ме научи две работи:  1. Никогаш немој да мислиш дека индустријата го постигнала дното (филмот со Брендон Рут како Супермен) - секогаш може и полошо. 2. Најверојатно никогаш нема да добијам ново добро портретирање на мојот омилен лик од детството и дека треба да си се вратам на прегледување на анимираните филмови и серии и старите Супермен филмови со Кристофер Рив и можеби да почнам да ги читам новите Супермен стрипови. 

Причината за толкавото посветување на простор на „Man of Steel“ во овој текст, што треба да е мислење и критика на „Batman vs. Superman: Dawn of Justice“, е фактот што буквално сите нешта поради кои не ми се допаѓаше Супермен, наведени погоре, важат и за овој филм. Со разликата што овојпат отидов во кино со најниски очекувања, без емотивно вложување, мала љубопитност да ја видам Wonder Woman (портретирана од слабичката Гал Гадот) и подготвена да пукам сеир на Бен Афлек во улогата на Бетмен.

На мое изненадување, Бен Афлек беше океј како Бетмен, со исклучок на моментите каде мутавата фаца на актерот доаѓаше во израз кога темниот витез ќе ја тргнеше маската, така што нема причина Афлек да се чувствува лошо за филмот. И што е најинтересното, Бетмен како да беше главниот лик во филмот, а Супермен се доживува како спореден лик вметнат од потребата Бетмен да има суперхеројски противник. И бев комплетно ОК со тоа.

Очигледно, повеќе се посветиле на Бетмен, бидејќи овој лик беше одлично доловен во филмот, и некои од сцените, како на пример неколку акциони моменти во филмот, беа комплетно скинати од страниците на стриповите за овој лик – оние што консумирале нешто повеќе од само Бетмен филмовите (стрипови, анимирани филмови и серии, видео игри) ќе ги препознаат и ценат. 

Како и во секој блокбастер, приказната имаше дупки. И тоа дупки како Punisher да скокнал од универзумот на Marvel и да го изрешетал сценариото со своите оружја. Имаше повеќе „абе ајде не ме зезај“ моменти, што нема да ги набројам туку ќе издвојам една, можеби најголемата „дупка“ во приказната: Причината поради која што постои филмов (не мислам на вистинската причина, парите) – конфликтот помеѓу Бетмен и Супермен. Лесно е да се разбере кој проблем го има Бетмен со Супермен и зошто така ќе му се наоштри, но тешко е да се сфати зошто Супермен ќе му се нафрли на Бетмен. Да, нудат некое резонирање, но не беше ни приближно доволно, а беше крајно несвојствено за Супермен. Можеле комотно да позајмат некоја минута од акционите сцени и да ја потрошат во развој на овој дел од приказната и целиот филм ќе правеше поголема смисла. 

                                        Ова ќе беше пологична причина за тепачка

На тема Wonder Woman, иако првично не ми се допаѓаше изборот на Гал Гадот за улогата на Амазонката Дајана (крупна, мускулеста истовремено секси жена), одлично се покажа во филмот. Најпрво суптилно го вметнаа ликот, за при крајот на филмот таа комплетно да го украде вниманието.  

Да не го заборавиме и Лекс Лутор кој иако на прв поглед делуваше како исфрустрирано детенце, Џеси Ајсенберг успеа да долови некоја помлада верзија на овој негативец, кого кофеинот го удрил во глава. 

Од технички аспект, филмот импресионира кинематографски – имаше неколку кадри за пофалба, што веднаш се врежуваат во меморијата. Ефектите, на кои, со гордост можам да кажам дека работеа нашите пријатели – Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација FX3X, беа врвни и одеа во полза на приказната, наместо да ја преоптеретуваат. 

Сè на сè, филмот е подобрување од минатиот, „Man of Steel“, Хенри Кавил изгледа ги довршил оние часови по глума – на моменти дури успеа да трогне. Лоис беше поблиска до ликот што треба да биде, а мрачноста беше оправдано присутна, во што најголемата заслуга ја има Бетмен. Благодарение на одличните акциони сцени, Бетмен и претставувањето на новите ликови во франшизата, овие два ипол саати, иако не успеаа да воодушеват, поминаа побрзо од очекувано. 

Оцена: 6/10 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Рецензии

КАЈГАНА рецензија: Зошто (не) треба да го гледате Leave the World Behind на Netflix?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе