Доаѓа сезоната на слави, а ова е совршен рецепт за риба ако имате посна слава, но и ако сакате да јадете риба било кој ден.

Празничната сезона започна, а наскоро следуваат и Божиќните пости, па ви пренесуваме совршен рецепт за риба. Се подготвува едноставно и брзо во само еден сад. Овој рецепт користи бакалар, но можете да изберете и филети од друга риба, по ваша желба. За оваа риба потребно е помалку од половина час и се готви заедно со леблебии, маслинки и чери домати.
Потребни состојки:
- 500 гр бакалар (или риба по ваш избор)
- 1/4 шолја маслиново масло
- 1 главица виолетов кромид
- 4-5 чешниња лук
- грст чери домати
- 2 лажички капери
- 1 лажичка сушено оригано
- 10-12 каламата маслинки
- 1 конзерва леблебии
- 2 лажици ситно сечкан магдонос
- сол
- бибер
- парчиња лимон (за сервирање)
Подготовка:
На загреано маслиново масло во тава пропржете го ситно исечканиот кромид. Додадете толчено лукче и пржете уште минута. Потоа додадете ги процедените леблебии и измешајте. Додадете чери домати исечени на половинки, капери, сечкани маслинки, сол, бибер и оригано. Промешајте и варете неколку минути. Посолете и побиберете ги филетите од риба и додајте ги во тавата. Покријте и варете на тивок оган околу 12-15 минути. Ако рибата испушта многу течност, зголемете ја топлината на најсилно во последните 3 минути. При сервирање украсете со магдонос и послужете со парчиња свеж лимон.