Подобри од оние на скара, имаат 3 тајни состојки и се одличен предлог за ручек.

Заборавете на пржењето и печењето на скара, печете плескавици во рерна без капка масло. Посипете ги со компири, краставица и кашкавал за вистински гурманлук на кој никој нема да може да одолее. Благодарение на зеленчукот и кашкавалот не ви е потребен ни прилог, а секој залак е вистинска магија. Друга предност на овој рецепт е тоа што се прави лесно, секому успева, а е и одличен предлог за ручек.
Потребни состојки:
- 3 парчиња леб
- малку млеко
- 600 гр мешано мелено месо
- 1 кромид
- 1 јајце
- 1 чешне лук
- магдонос
- 4 компири
- 4 краставици
- 100 гр кашкавал
- мајонез
- сол
- бибер
Подготовка:
Лебот исечкајте го на коцки, прелијте го со млеко, а потоа издробете го. Меленото месо зачинете го со сол и бибер, па додадете го лебот, сечканиот кромид и толчениот лук, јајцето, сечканиот магдонос и сето убаво измешајте. Формирајте подебели плескавици и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Врз секоја посипете го ренданиот компир, а потоа и ренданата краставица. На крајот посипете рендан кашкавал и декорирајте со мајонез. Печете на 180°C околу 45 минути.