Рецепт на денот: Крцкаво зачинето пилешко

Крцкавото зачинето пилешко е идеално за дружење, грицкање, па дури и за ручек со прилог по ваш избор.

Овој рецепт содржи власец, вид растение од родот на луковите, во потесно сродство со лукот, шалотот, празот, кромидот и кинескиот кромид. Власецот има многу високо ниво на витамин Ц и помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Го стимулира производството на колаген. Содржи и витамин К, кој е важен за одржување на коските. Го стимулира мокрењето, со што се елиминираат токсините, солите, водата и мастите. Тоа е повеќегодишно растение и единствен член на луковите домороден и во Европа и во предколонијална Америка.

Потребни состојки:
  • 2+ лажици масло
  • 160 гр презла
  • 80 гр мајонез
  • 80 гр павлака
  • 2,5 лажици власец
  • 2 лажички сенф
  • 230 гр пилешко филе
  • 1 лажичка мелена пипер
  • 240 гр кашкавал
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Прво ставете решетка во средината на рерната и загрејте ја на 200°. Садот за печење лесно намачкајте го со масло. Во голема тава на силен оган загрејте 2 лажици масло. Додадете ја презлата и пржете со често мешање до златно кафеава боја, 2 до 3 минути, а потоа зачинете со сол и бибер. Префрлете сѐ во чинија и оставете да се излади.

Во плиток сад изматете ги мајонезот, павлаката, сечканиот власец и сенфот и зачинете со сол и бибер. Исушете го пилешкото. Посипете со пипер и зачинете со сол и бибер. Секое филе потопете го во смесата со мајонез, премачкајте ги двете страни, па префрлете во подготвената тава. Одозгора прелијте ја преостанатата смеса од мајонез.

Додадете го ренданиот кашкавал во презлата, зачинете со бибер и измешајте за да се соедини. Врз пилешкото посипете ја смесата со презла, притискајќи лесно за да се залепи. Печете го пилешкото 25 до 30 минути. Префрлете го месото во чинија и оставете го да отстои 10 минути. Одозгора украсете со преостанатиот власец.

реклама

4 хороскопски знаци се главни фаворити на Уран до 2033 година

Read more

Изненадување во екот на трката за титулата: Сити го менува името на стадионот

Read more

Ќотекот се враќа како дисциплинска мерка во училиштата во една од најбогатите земји

Read more

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Read more

Рецепти

Босански лонец по рецептот на ЈНА: Не се меша, само протресете

Read more

Лесен оброк: Солен ролат од тиквички со шунка и кашкавал, без брашно

Read more

Бразилска лимонада: Егзотичен пијалак од лимета готов за неколку минути

Read more

Храна за мускули: Три здрави рецепти со ориз

Read more
 

Магазин

Четири пијалаци кои ја намалуваат ефикасноста на лековите против алергии

Читај повеќе

Во која земја најмногу се троши на домашни миленици? 

Читај повеќе

Седум грешки со кои ја уништувате индукциската плоча во вашата кујна

Читај повеќе

4 хороскопски знаци се главни фаворити на Уран до 2033 година

Читај повеќе

Неколку трикови како да добиете најдобро место во авион

Читај повеќе

Која храна не треба да ја јадете на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не треба да се расправате со вашето дете со АДХД?

Читај повеќе

Што му прави една непроспиена ноќ на вашиот мозок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 неверојатни римски руини кои не можат да се откопаат

Читај повеќе