Не сте љубители на крцкав помфрит од фритеза или рерна? Пробајте го овој рецепт за печени компири што се топат во устата.
Компирите се печат во пилешка супа, што им дава дополнителна доза на сладост, како и вкус на пилешко. Најдобри резултати ќе добиете доколку направите домашна пилешка супа, но можете да користите и готова коцка пилешка супа кои ќе ја растворите во 200 милилитри топла вода.
Пилешката супа треба да го покрие дното на садот во кој ги печете компирите, но не претерувајте. Треба да добиете мек печен компир, а не пире печено во рерна.
Исклучително е важно да ги исечете компирите на приближно еднакви големини за да бидат термички обработени во исто време.
Состојки:
– 2-3 компири
– 200 мл пилешки супа
- сол и бибер по желба
- растително масло по желба
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.
2. Излупете ги компирите, исечете ги на парчиња приближно со иста големина и зачинете со сол и бибер.
3. Ставете ги на дното на плехот за печење.
4. Компирите прелијте ги со пилешката супа.
5. Вака подготвените компири печете ги во загреана рерна околу 25 минути. Главната цел е компирот да ја впие течноста.
6. По 25 минути ги превртуваме и ги враќаме во рерна. По желба можете да им додадете малку масло.
7. Печете ги уште 15 до 20 минути додека термички не се испечат до крај и добијат убава златно-кафеава боја.