Што вкусно да јадете денес? Вкусно пилешко со кари.
Состојки:
- 1 пиле
- 1/3 шолја масло
- 1/5 шолја ситно сецкан целер
- 1/3 шолја црвен кромид
- 1 лажичка кари
- 1 поголемо јаболко
- пиперки
- чери домати
- 2/3 шолји врела вода
- сол, бибер
- црвен пипер
Подготовка:
Исчистеното пиле исечете го на парчиња, додадете сол и лесно пропржете го на масло додека не добие златно-жолта боја.
Во преостанатото масло испржете ги целерот и кромидот. Додадете ги сите други состојки освен водата, покријте ги и оставете ги да се крчкаат околу 30 минути.
Додадете ги пилешкото и водата, покријте и варете додека месото не омекне.
Готовото јадење послужете го со варен ориз или рижото.
Добар апетит!