Рецепт на денот: Пилешко на шпански начин

Ако сакате да го пробате пилешко месо на малку поинаков начин, во овој рецепт месото е во комбинација со лут ајвар и сладок мед.

Потребни состојки за 4 лица:

-2 лажици маслиново масло

-4 помали парчиња пилешки гради

-1 кромид

-2 чешни лук

-100 г колбаси

-4 лажици лут ајвар

-250 г црвени пиперки

-160 г ориз

-100 г зелени маслинки полнети со пиперка

-свеж магдонос

Начин на подготовка:

На загреано маслиново масло ставете ги парчињата пилешки гради и испржете ги на двете страни. Извадете ги и во истото тавче додадете ги исечениот кромид, лукот, исечени колбаси и динстајте неколку минути, додека кромидот не омекне.

Додадете го ајварот, вратете го пилешкото месо и додадете ги пиперките, исечени на кругови. Потоа на крајот ставете го оризот.  Додадете вода и сето заедно оставете да се вари, додека не омекне оризот. Во оризот, пред динстањето може да додадете една до две лажици мед.

Јадењето може да го послужите со маслинки и наросен магдонос.

Тагови
реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе