Рецепт на денот: Пилешко со мед и лимета

Ако уште не сте смислиле што вкусно ќе зготвите денес, ви предлагаме да направите сочно пилешко со мед, лимета и сос од соја.

Потребни состојки:

- 8 парчиња пилешко (копан, надкопан)

- 8 чешниња лук

- 1 лажичка чили

- сок од една лимета

- сол, бибер

За прелив:

- 3 лажички мед

- 1 лажичка сенф

- 1/2 лажичка соја сос

- кора од една лимета

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте го пилешкото со истолчениот лук, чили зачинот, сокот од лимета, сол и црн бибер.

Намачкајте ја тавата во која ќе печете со растително масло, а потоа наредете го пилешкото и ставете го во рерна претходно загреана на 200 до 220°C.

Потоа направете го преливот. Измешајте мед, сенф, соја сос и додадете ја изренданата кора од лимета.

Извадете го пилешкото и премачкајте го со оваа смеса. Вратете го во рерна, а потоа по 15 минути свртете го пилешкото и премачкајте го повторно.

Кога пилешкото месо е готово, извадете го од рерна и префрлете го на чинија. Како гарнир може да послужите рижото.

На здравје!

реклама

Рецепти

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Read more

Салата од брокула со крцкава сланина и кремаст дресинг

Read more

За летно освежување: Салата од лубеница, фета и краставица

Read more

Совети за банана сплит како од слаткарница

Read more
 

Магазин

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Читај повеќе

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Читај повеќе

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Читај повеќе

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Читај повеќе

Една состојка може да ја спаси вашата градина од суша

Читај повеќе

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Читај повеќе

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како може да ви украдат пари од банкомат?

Читај повеќе