Рецепт на денот: Свински шницли со зеленчук и моцарела

Целото семејство во кујна! За подготвувањето на овој неделен ручек може да помогнат сите: некој нека лупи зеленчук, друг нека посолува, трет нека реди слоеви...

Состојки:

- 800 гр тенко насечени свински шницли без коска

- 1 лажичка сув зачин од билки

- 400 гр тиквички

- 600 гр модар патлиџан

- 750 гр моцарела

- 1 лажичка свинска маст

- оригано

- бибер

- 2 лажички рендан пармезан

Подготовка:

Посипете сув зачин од билки на тенко исечените шницли и втријте го со прстите. Кратко пропржете ги од двете страни на средно тивок оган, додека не добијат златно-кафеава нијанса.

Излупете ги модриот патлиџан и тиквичката, па исечете ги на резанки. Потоа исто исечете ја и моцарелата.

Во длабок сад за печење ставете ја свинската маст, па редете: ред свинско, ред зеленчук, ред моцарела.

Зачинувајте низ слоевите со оригано и бибер, и редете најмалку три слоја. Завршете со моцарела.

Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, а потоа печете 30-50 минути, во зависност од нагодувањата на вашата рерна.

Пријатен неделен ручек!

Тагови
реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Рецепти

Гурмански рецепт: Говедско филе со бибер сос и компири

Read more

Рецепт на денот: Пилешко во тоскански стил

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Рецепт за опоравување по велигденските гозби

Read more
 

Магазин

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Читај повеќе

Следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Читај повеќе
  • play_arrow

Гурмански рецепт: Говедско филе со бибер сос и компири

Читај повеќе

Светската винска мапа се менува: Нови сорти ќе доаѓаат од неочекувани региони

Читај повеќе