Рецепт на денот: Виенски шницли со помфрит и холандски сос

Шницлите направени на виенски начин се познат рецепт и гарантирано јадење за совршено гастрономско уживање. Подготовката не бара многу време, а јадењето е вистински деликатес.

Ова јадење спаѓа во најевтините главни јадења и е познато ширум светот. Не постои хотел на чие мени не се наведени ваквите шницли.

Традиционалниот избор на месо за овој рецепт е телешко, но многумина го прават и со друго месо.

Најчесто се служат со варен ориз и тартар сос, но нема да зажалите доколку го пробате овој рецепт. 

Потребни состојки:

  • 700 гр јунешко месо
  • 4 јајца
  • брашно
  • презла
  • масло
  • сол
  • бибер
  • компири

За сосот:

  • 3 жолчки
  • ½ чаша стопен путер
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажичка сенф
  • 1/4 лажичка сол
  • прстофат црвена пипер

Подготовка:

Месото исечете го на шницли со тоа што краевите благо ќе ги засечете. Потоа измијте ги парчињата и убаво исчукајте ги со чекан за месо. Посолете и побиберете ги на двете страни и оставете да отстојат некое време.

Во меѓувреме изматете ги јајцата и посолете. Загрејте масло во тава, а шницлите валкајте ги во брашно и во јајцата. Потоа месото валкајте го и во презлата, убаво од двете страни, па истресете го вишокот. Ставете ги во тавата со загреано масло и пржете на средна температура. Кога месото ќе зарумени, превртете на другата страна. Испржените шницли ставете ги на салветки за се отстрани вишокот на маснотии.

Растопете го путерот (ако имате микробранова, доволна е 1 минута). Изматете ги жолчките, сокот од лимон, сенфот и црвената пипер - ако имате блендер пожелно е со него за само 5 секунди. Додека работи блендерот полека турајте го жешкиот путер.

Помфритот знаете како се прави.

Со виенските шницли можете да послужите и варен ориз и освежувачки тартар сос, но може да се служат и со компир салата и сос од спанаќ. Сите варијанти се применуваат и се горе-доле подеднакво вкусни.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Рецепти

Докопан во сос од бело вино и сенф

Read more

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе