Рецепт за чај од бел слез кој помага при болки во грлото

Сезоната на вирусни и бактериски инфекции со себе носи многу непријатни нуспојави како што е болно грло. Постојат многу домашни методи за регулирање на овој здравствен проблем, а меѓу нив е и специјалниот чај од бел слез.

Има многу придобивки од ова растение, кое докажано помага при болки во грлото. Белиот или питом слез е повеќегодишно растение од семејството на бел слез кое може да порасне и до 150 сантиметри во височина. Неговото латинско име Althanea officinalis се однесува на неговите лековити својства. Припаѓа на родот Althanea чие име доаѓа од зборот athainein, што значи лекува, и althos што значи лековити својства.

Најлековит дел од ова растение е коренот од кој се прави чај. Овој пијалак со векови се користи како смирувачки агенс за болки во грлото и помага при бронхитис и многу белодробни заболувања. За да ја регулирате болката во грлото, 2 лажици сув корен од бел слез прелијте ги со 2,5 децилитри свежа вода и оставете да отстои час до два. Потоа загрејте го чајот и по желба додадете малку мед.

Според Healthline, коренот од бел слез обезбедува краткорочно ослободување од симптомите поврзани со респираторни проблеми. Коренот на ова растение помага да се изгради заштитна фолија која ја обвиткува слузокожата на устата и грлото и на тој начин ја ублажува иритацијата. Чајот од бел слез може да ги намали симптомите на сува и иритирачка кашлица и да доведе до ослободување на насобраната слуз во носот, грлото и белите дробови за полесно да се искашла.

Тагови
реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Здравје

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Read more

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Read more

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Read more

Колку часа седење претставува ризик за здравјето на срцето?

Read more
 

Магазин

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Читај повеќе

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Читај повеќе

Пет висококалорични намирници кои треба да ги јадете

Читај повеќе

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Читај повеќе

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Читај повеќе

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Читај повеќе

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Читај повеќе

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Читај повеќе