Рецепт за кескул - традиционален турски пудинг готов за 15 минути

Кескул е традиционален турски десерт за чија подготовка се потребни само 15 минути, а повеќето состојки ги имате дома.

Постојат неколку варијации на овој кремаст млечен десерт, а овде зборуваме за рецепт кој содржи кокос.

Потрени состојки:

(за 4 порции)

  • 600 мл млеко
  • 50 гр брашно
  • 50 гр шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 50 гр кокос
  • 2 жолчки
  • 30 гр путер

за декорација:

  • ф'стаци
  • бадеми
  • или кокос

Подготовка:

Во тенџере сипете 400 милилитри млеко, додадете ги двата вида шеќер и кокосот, па оставете да се вари на тивок оган додека не зоврие. Во сад истурете го остатокот од млекото и додадете ги жолчката и брашното.

Матете додека не добиете изедначена смеса без грутки, па истурете ја во тенџерето во кое се варат млекото, шеќерот и кокосот. Цело време матете со жица за матење. Гответе неколку минути додека не се згусне, па тргнете го од шпорет и веднаш додадете го путерот кој треба да се измати додека не се растопи.

Топлата смеса поделете ја во 4 помали чинии, покријте ја со најлонска фолија и оставете ја првично да се излади на собна температура. После тоа, ставете го десертот во фрижидер да се стегне. Кога служите, можете да декорирате со кокос, бадеми или мелени ф'стаци.

Тагови
реклама

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година

Read more

Ariston отвори фабрика вредна 75 милиони евра во Србија, ќе извезува во неколку европски земји

Read more

Германија го менува курсот: Што наумил Мерц?

Read more

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Read more

Рецепти

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Read more

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Read more

Колку точно пченица се готви по лице? Точни количини за мали и големи слави

Read more

Појадок за оние кои секогаш брзаат наутро

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе