Рецепт за оригинален фелафел

Истовремено меко и крцкаво, за оригиналниот фелафел клучни се две состојки. За време на постот почестете се со овој вкусен солен деликатес.

Се верува дека фалафелот настанла во Египет под влијание на слични индиски јадења. Ова е улична храна која може да се јаде и како предјадење. За време на Рамазан понекогаш се јадат топчиња од фалафел како дел од ифтар, оброк со кој се прекинува дневниот пост по зајдисонце. Останал популарен во коптската исхрана, па затоа се готват големи количини за време на верските празници. Христијаните во арапските земји консумираат фалафел како дел од нивната посна исхрана. Подолу можете да прочитате како се прави фалафел по оригинален рецепт, а клучни се некои состојки. Главните состојки на ова вкусно јадење се леблебиите (познати и како наут) и зачините, а она на што треба да обрнете внимание е да додадете сода бикарбона во водата што ја користите за да омекнат леблебиите, што ќе го забрза процесот. Исто така, многу е важно да користите свежи билки, како магдонос и копар, бидејќи тие не само што даваат посебен вкус, туку даваат и убава боја. А додавањето прашок за пециво пред пржење го прави фалафелот уште помек внатре.

Потребни состојки:

  • 450 гр леблебии
  • 3 нишки магдонос
  • 1 нишка копар
  • 1 кромид
  • 5 чешниња лук
  • 1 лажичка сол
  • ¼ лажичка бибер
  • 2 лажички мелен ким
  • ½ лажичка коријандер
  • ⅓ лажичка лута црвена пипер
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • ½ лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Во сад истурете ги леблебиите и ппрелијте ги со вода. Додадете сода бикарбона и оставете да отстојат 16 часа. Процедете ги и исушете ги, па ставете ги во блендер. Додадете сечкан магдонос, копар, кромид и лук. Убаво изблендирајте за сите состојки добро да се соединат. Посолете, побиберете, додадете ким, коријандер, лута црвена пипер и повторно изблендирајте. Префрлете ја смесата во сад и покријте ја со пластична фолија. Ставете ја во фрижидер најмалку 2 часа, или преку ноќ. Пред да почнете да го пржите фалафелот, во смесата додадете прашок за печиво и соединете. Намокрете ги рацете и обликувајте топчиња. Фелафелите пржете ги на врело масло околу 3-5 минути. Кога ќе бидат готови извадете ги на хартиена крпа за да се исцедат.

ВАЖНО: Немојте да користите леблебии од конзерва затоа што ќе ја направат смесата премногу влажна поради што ќе се распаѓа при пржењето.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Рецепти

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
Зачинето пилешко со црвен пипер

Зачинето пилешко со црвен пипер

Read more
 

Магазин

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе