Тајната за подготовка на добро пилешко во рерна е во добрата маринада.

Маринадата за подготовка на пилешко во рерна е од големо значење за јадењето да биде вкусно и меко.
- 20 ml мед
- 65 ml сенф
- 2 лажици мелена пиперка
- 2 лажици сол
- ½ лажица мелен бибер
- 4 лажици јаболков оцет
- 3 лажици маслиново масло
- малку магдонос
Во пластичен сад ставете ги сите наведени состојки за маринадата и измешајте ги додека целосно не се соединат.
Покријте ја подготвената маринада со пластична или алуминиумска фолија и ставете ја во фрижидер. Можете исто така да покриете со капак, ако имате соодветен за садот кој го користите. Оставете да отстои неколку часа.
Пред да го подготвите пилешкото во рерна, маринирајте го пилешкото во маринадата најмалку три часа за месото да ги впие сите сокови.
Потоа печете стандардно како што секогаш правите. Благодарение на вкусната маринада овој пат ќе искусите поинакво и поубаво пилешко.