Рекламна измама  - откриени лажни апликации во продавниците на Google и Apple

Истражувачите од тимот на HUMAN's Satori Threat Intelligence открија 75 апликации на Google Play и уште десет во App Store на Apple кои се вклучени во рекламна измама.

Истражувачите ја нарекоа оваа нова кампања за рекламна измама „Scylla“, а апликациите кои се дел од кампањата имаат вкупно 13 милиони инсталирани.

Освен што ги преплавуваат мобилните корисници со видливи и скриени реклами, лажните апликации исто така генерираат приходи имитирајќи легитимни апликации.

Иако овој тип на апликација не се смета за сериозна закана, тимот на Satori Threat Intelligence предупредува дека тие можат да се користат за поопасни активности.

Аналитичарите веруваат дека Skylla е третиот бран од операцијата, која првпат ја забележале во август 2019 година и ја нарекле Poseidon. Вториот бран, зад истиот актер, наречен Charybdis кулминираше на крајот на 2020 година.

Тимот на Satori ги информираше Google и Apple за нивните наоди и апликациите беа отстранети од официјалните продавници.

На уредите со Android, освен ако не сте го исклучиле Play Protect, апликациите треба автоматски да се откриваат.

Кога станува збор за iOS, Сатори им препорачува на корисниците сами да ги отстранат лажните апликации. Loot the Castle, Run Bridge, Shinning Gun, Racing Legend 3D, Rope Runner, Wood Sculptor, Fire-Wall, Ninja Critical Hit, Tony Runs се имињата на апликациите што се отстранети од продавницата на Apple.

Апликациите за Android со повеќе од 1 милион преземања се Super Hero-Save the world!, Spot 10 Differences, Find 5 Differences, Dinosaur Legend, One Line Drawing, Shoot Master и Talent Trap - НОВО.

Целосната листа на апликации кои се дел од кампањата Scylla е достапна во извештајот на тимот на Satori Threat Intelligence.

Овие апликации вообичаено користеа ID на пакет што не се совпаѓа со нивното име, за да им се чини на огласувачите дека кликовите/прегледите на рекламата доаѓаат од попрофитабилна категорија на софтвер.

На Android, рекламите се вчитуваат во скриените прозорци на WebView, така што жртвата не забележува ништо сомнително, бидејќи сè се случува во позадина. Дополнително, рекламниот софтвер го користи системот „JobScheduler“ за да активира настани за прикажување реклами кога жртвите не ги користат активно своите уреди, на пример, кога екранот е исклучен.

Корисниците треба да обрнат внимание на знаците кои обично укажуваат на проблем како што се брзо трошење на батеријата и зголемено користење на мобилни податоци и да ги отстранат апликациите што не се сеќаваат дека ги инсталирале.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе