Рекорден број пријавени на стрип-конкурсот Велес 2024

Рекордни 351 автор од сите континенти се пријавија на единаесеттиот по ред Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“.

Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отворање на Меѓународниот стрип салон во Велес на 20 август, најзначајна стрип манифестација кај нас.

Според Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи пред сѐ на засилената работа и контакти со млади таленти од Македонија. „Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание. Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработката со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози. Исто така, медиумската промоција на стрип настаните во странство на коишто учествува македонската стрип сцена секако дека има позитивно влијание“.

„Што се однесува до мегународните контакти, добра основа претставува и постојаната соработка со стрип сцената од поранешните Ју републики, но секако и комуникацијата со автори од сите континенти, вклучително и Тајван и САД. За зголемување на нивниот број секако треба и зголемена поддршка од страна на донаторите, како на пример: зголемен фонд на награди, присуство на наградените автори на свеченото отварање, составување на жири од меѓународни стрип автори и т.н.…“, потенцира Трајков.

Меѓународниот стрип салон во Велес, како и другите пропратни активности е финансиран од Министерството за култура на Македонија како и Општина Велес.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Read more

Култура

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more

Велигденски концерт со грандиозната Голема миса во Це-мол од генијалниот Моцарт

Read more
 

Вести

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Читај повеќе

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Читај повеќе

Почина папата Франциск

Читај повеќе

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Читај повеќе

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Читај повеќе

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Читај повеќе