НБА 2024/2025

Рекордна ноќ на Јокиќ, подели 19 асистенции за победа на Денвер

Српскиот кошаркар продолжи со импресивните настапи во НБА и ноќеска постави уште еден личен рекорд, овој пат по бројот на асистенции во еден натпревар.

Никола Јокиќ и неговиот Денвер Нагетс без поголеми проблеми ја прославија победата над Индијана Пејсерс 125:116. Денвер долго време имаше големо водство, Индијана во еден момент успеа да намали до еден поен, но победата на Нагетс сепак никогаш не беше доведена во прашање.

Српскиот центар имаше нешто помала минутажа кон крајот на натпреварот, но сепак успеа да направи историски учинок.

Имено, Јокиќ забележа 19 асистенции, што е негов рекорд во кариерата. Тој дури и подели повеќе асистенции отколку што постигна поени (18), а еден скок го делеше од нов трипл-дабл.

НБА ги објави снимките од сите 19 асистенции од овој дуел, додека Денвер даде голема најава за Никола Јокиќ - прием во Куќата на славните на НБА, што сигурно ќе се случи еден ден.

Арон Гордон беше најефикасен кај победничкиот тим со 26 поени, а Мајлс Тарнер од Индијана постигна 23.

Резултати:

Детроит Пистонс - Лос Анџелес Клиперс 106:97
Индијана Пејсерс - Денвер Нагетс 116:125
Филаделфија 76ерс - Чикаго Булс 110:142
Вашингтон Визардс - Бруклин Нетс 107:99
Атланта Хокс - Мајами Хит 98:86
Оклахома Сити Тандер - Минесота Тимбервулвс 128:131
Јута Џез - Портланд Треил Блејзерс 112:114
Сакраменто Кингс - Шарлот Хорнетс 130:88

Табела:

реклама

Кошарка

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Шек ги спореди НБА и Евролигата: Знам дека ќе добијам многу критики

Read more

Леброн Џејмс во дрес на Филаделфија: Не дојдов тука за да изгубам во втората рунда

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе