Renault го претстави новиот R17 Restomod, електричен концепт инспириран од 70-тите

Пред саемот за автомобили во Париз, Renault ни приреди мало изненадување и официјално го претстави новиот електричен концепт R17 Restomod. Овој интересен концепт е инспириран од легендарниот модел R17 од 70-тите и е создаден во соработка со францускиот уметник Оро Ито.

Оригиналниот модел на кој се заснова новиот концепт беше купе, произведен помеѓу 1971 и 1979 година како близнак на подостапниот Renault 15. Стариот Renault R17 беше достапен како купе со 4 седишта и исто така имаше опционаленкров со рол платно (од 1974 година и електричен подвижен кров), а стандардно доаѓаше со поцврста суспензија и подиректен систем за управување од R15.

Стариот R17 имаше погон на предните тркала и надолжно монтиран мотор. Првично беше придвижуван од бензински мотор со застарен карбуратор, но подоцна беше достапна и верзија со понапреден систем за вбризгување. Во текот на деветте години производство, Renault произведе над 92.000 единици.

Каросеријата на концептот е дизајнирана со речиси идентичен изглед на оригиналниот модел. Всушност, концептот се заснова на истата монокок структура што беше забележана на стариот сериски модел, а добива и ист патнички простор, исти врати, прозорци и заштитни елементи под каросеријата.

Во споредба со оригиналниот R17, каросеријата на новиот концепт е поширока за дури 17 сантиметри. Каросеријата е поставена на шасија направена од јаглеродни влакна што го олеснува овој електричар. Напред доминираат два пара правоаголни LED фарови, додека назад доминираат LED светла во форма на една тенка лента. Надворешноста е комплетирана со бандажи покриени со аеродинамични дискови и специфична Galactic Brown боја.

Внатрешноста на концептот е исто така во голема мера инспирирана од оригиналниот модел. Забележливи се новите седишта, редизајнирани околу оригиналната структура во облик на ливчиња. Тапацирот со волнени нишки во комбинација од кафеави и беж обоени текстили ја враќаат сликата од 70-тите. Зад воланот се поставени 4 мали квадратни екрани, а над централната конзола е поставен екран за мултимедијален систем.

Новиот концепт е придвижуван од електричен мотор со 270 коњски сили, кој ги придвижува задните тркала. Тежината на концептот е под 1,4 тони. Новиот концепт Renault јавно ќе го претстави на саемот за автомобили во Париз, кој ќе се одржи од 14 до 20 октомври.

Тагови
реклама

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Русија го казни Google за видеоснимките на кои се гледа како руските војници учат да се предадат

Read more

Кога чешањето на кожата може да биде симптом на рак?

Read more

Скопје завеано во снег, ќе врне и во наредните денови

Read more

Концепти

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Read more

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Read more

Toyota има интересен RAV4, но е само концепт

Read more

Renault Estafette Concept е компактно и пространо електрично комбе за урбана употреба

Read more
 

Автомобили

Конечно откриено како изгледа Kia EV4

Читај повеќе
  • filter

Објавена листа со најпопуларните автомобилски брендови во Европа

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Читај повеќе

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Читај повеќе

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Читај повеќе

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Читај повеќе

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Читај повеќе