НБА 2019/20

Репторс забележаа највисока победа во историјата од 46 разлика

Актуелниот шампион Торонто запиша највисока победа во историјата откако со 46 поени разлика славеше над Индијана.

Канаѓаните немаа милост кон гостите од Индијанаполис и во „Скошабенк“ арената го полнеа гостинскиот кош. И покрај многуте поени, најефикасниот кошаркар имаше само 21 поен, а тоа беше Камерунецот Паскал Сјакам. Затоа, пак, уште 11 негови соиграчи се запишаа во листата на стрелци. Мет Томас постигна 17, Кајл Лаури забележа 6 поени и 11 асистенции, а натурализираниот Шпанец Серж Ибака на петнаесетте поени додаде и 15 скокови. Кај гостите најефикасни со по 14 поени беа Арон Холидеј и Литванецот Домантас Сабонис.

Со разликата од 46 поени Торонто запиша нов рекорд рушејќи го оној од сезоната 2016/17 кога со 44 разлика ја декласираа Атланта Хокс.

Со скор од 42-15 Репторс моментално се втори на Истокот каде Пејсерс се шести со 33-24.

Резултати:
Денвер Нагетс - Минесота Тимбервулс 128:116
Торонто Репторс - Индијана Пејсерс 127:81
Чикаго Булс - Вашингтон Визардс 126:117
Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс 131:103
Голден Стејт Вориорс - Њу Орлеанс Пеликанс 101:115
Портланд Треил Блејзерс - Детроит Пистонс 107:104

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе