Решете го сомнежот: Кога е идеално да се туширате со топла, а кога со ладна вода?

Ако некогаш сте се запрашале која е најдобрата температура за вечерно и утринско туширање, лекар ќе ви го реши сомнежот. Можеби претпоставувате дека ладниот туш би ја оладил вашата основна телесна температура, а топол ќе ве загрее, но тоа воопшто не е така.

Како што пренесува Mirror, туширањето на одредена температура ќе ви помогне да спиете добро. Имено, докторот Каран Раџ откри кога треба да се туширате со топла, а кога со ладна вода.

„Ако одите на спиење и сакате добар ноќен сон, топол туш пред спиење парадоксално ја намалува температурата на вашето тело, така што ќе спиете добро“, рече тој.

Д-р Раџ објасни дека „потребна ви е пониска телесна температура пред да заспиете бидејќи тоа го намалува 'прагот' за спиење“.

Спротивниот ефект се јавува ако наутро се туширате со студена вода, бидејќи тоа ќе ве разбуди бидејќи студената вода ќе ви ја подигне телесната температура. Тој објасни дека покачената телесна температура е добра во текот на денот бидејќи нема да бидете поспани.

Додаде дека туширањето со топла вода навечер и постудена наутро „се вклопува“ во нашиот деноноќен ритам.

Според една студија во National Library of Medicine, топла бања или туш еден или два часа пред спиење може да ви помогне да се опуштите и побрзо да заспиете. Зошто? Ова ќе ви помогне да ја намалите основната температура, што е деноноќниот сигнал за спиење.

Исто така, се истакнува дека туширањето во вечерните часови ќе му даде можност на вашето тело да се олади, па дури и може да предизвика сон. Туширајте се така што ќе завршите околу час и половина пред да сакате да легнете. На тој начин вашето тело ќе биде ладно, суво и подготвено за спиење.

Тагови
реклама

Живот

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Read more

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Read more

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Read more

Како правилно и брзо да одмрзнете пилешко?

Read more
 

Магазин

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Читај повеќе

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Читај повеќе

Како правилно и брзо да одмрзнете пилешко?

Читај повеќе

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Читај повеќе

Некогаш симбол на зрелост, денес црвен аларм: Како цигарите станаа непожелен детаљ во општеството?

Читај повеќе