Ресторан во Холандија користи роботи наместо келнери, со цел да ги намали контактите помеѓу луѓето поради пандемијата со коронавирусот.
Роботите ги поздравуваат гостите, сервираат храна и ги собираат празните чинии од масите во ресторанот „Royal Palace“ кој се наоѓа во Ренесе.
„Ни помагаат многу. Роботите нема да ги заменат луѓето туку ќе бидат од голема корист во иднината“, велат сопствениците на ресторанот.
Рестораните во Холандија беа затворени со месеци поради COVID-19.