Револуција во денешна Македонија - идеал во арената каде најагресивните опстануваат и успеваат

„Ние револуционерите, под клетва дигнавме пушка и на нашето црвено од крв знаме запишавме СМРТ или СЛОБОДА“ - Никола Карев, деец на македонската револуционерна организација и претседател на Крушевската Република.

Целта на револуционерната политичка мисла е да ги идентификува слабостите на постоечките политички структури и да покаже дека овие слабости може да се избегнат само со воспоставување на радикално поинаков општествен и политички поредок. Во овие случаи отпорот е предизвик за државата. Спротивно на тоа, фактот дека многу теории на отпор имаат уставна основа значи дека тврдењата за отпор се дел од структурата на државата. Вонправната природа на револуционерните промени и фактот дека револуциите имаат за цел да донесат фундаментална промена на структурата на државата и распределбата на политичката моќ во заедницата, значи дека револуционерната теорија обично ја презема потребата од насилно спротиставување на постојниот политички систем и на оние кои имаат моќ во него.

Знаеме во детали како функционира цивилизираното општество - секое напуштање на сопствените принципи нужно води до пораз. Но, големиот конфликт на идеи, чиј исход нè преокупира на толку жесток начин, нема да продолжи според истите закони. Станува збор за постојана, непрестајна борба што еден ден ќе има конечно решение, било со взаемно уништување на сите витални енергии и враќањето на човештвото во исконскиот хаос, или со усогласување на сите сили - посакуваната и свесна трансформација на човекот во понапредно битие.

Револуциите секогаш имале двоен ефект; може да се каже дека историјата во сите настани го покажува своето лице и обратно. Оние кои не сакаат да се задоволат само со зборови мора да ги проучуваат настаните со будна критика, внимателно да ги испрашуваат луѓето кои тврдат дека се лојални на каузата. Не е доволно да се вика: „Револуција, револуција!“ за веднаш да го следиме оној кој би можел да нè води.

Колебањето што минатото ни го покажува низ низа делумно неуспешни револуции, тој бесконечен напор на генерации кои следат една по друга постојано тргајќи ја карпата што ги сатиризира, таа иронија на судбината што покажува како затворениците ги кршат своите синџири само за да дозволат самите да бидат повторно врзани со синџири, сето тоа е причина за голема морална конфузија, а ги видовме оние кои, губејќи надеж, уморни пред да се борат, се откажуваат од сè, се препуштаат на судбината.

Револуционерниот дух од времето на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Никола Карев, кој бледо лебди во времето на либералниот капитализам, за повеќето луѓе денес, особено младите, е главно мит кој не влијае на реалноста.

Претседателот на Крушевската Република, Карев, во интервју за грчкиот весник „Акрополис“ од 8 мај 1903 година, вели: „Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам, овој човек за да се спаси ќе се фати ли за сè што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност“, укажувајќи дека идеалот за слобода и поттикот за револуција се далеку од црно-бели и дека во сивилото на реалноста секој од нас мора да ги преиспита сопствените убедувања и да застане зад својата одговорност за општествената реалност.

А дека револуционерниот дух и етичкиот идеал опстојуваат низ генерациите, говори и ставот на Васил Карев, еден од наследниците на револуционерот Никола Карев, кој по повод 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, укажа токму на етичкото сивило во кое опстојуваме и го вперуваме прстот секаде, освен во себе, заборавајќи дека општеството сме сите ние.

„Во сериозна држава постои систем кој на она најтривијално ниво се обидува да обезбеди чувство на ред и правичност. Тоа е тоа што ти дава некаква, барем мала релаксираност кога ќе излезеш од дома дека знаеш што да очекуваш.

Кај нас секое излегување од дома со цел да реализираш некакви обврски е проследено со стрес и чувство дека влегуваш во арена во која најагресивните опстануваат и успеваат.

Враќајќи се вчера од странство, сфатив колку е проблемот длабоко системски и дека започнува всушност уште при влегувањето во земјата“, напиша Карев на социјалните медиуми.

„Се приближуваш до нашата граница и одеднаш се создава ненормална гужва. Семафорите кои означуваат активна лента не работат, кој каде стигне креира колона и после сите тие се спојуваат во две кои се активни. Тие што случајно ги погодиле правите ленти нервозно свират на тие што пред нив се обидуваат да се приклучат и настанува општ хаос од фрустрации и свирење. На прашањате на полицајката зошто не работат семафорите со месеци, одговорот е дека се расипани. Нормално, следуваше прашање зошто не ги поправат и ако таа не е одговорна, дали пренесува на шефот каков хаос настанува.

Истото е на клиника, бев минатата недела да се консултирам со лекар и пред влезна врата на одделението, без никаков ред се собира народ кој чека да заврши визита. Еден вработен стои од друга страна на автоматската врата и на 5 секунди мавта со нога за да не се затвори вратата и комуницира со сите нас, прашува за кој доктор сме и дали секој знае кој е по ред. И нормално инстиктивно сите се туркаат понапред и се чувствува блага нервоза и притисок некој да не ти го земе редот“, продолжува тој, нагласувајќи дека има уште безброј други секојдневни примери со „тепачки на паркинзи, пред шалтери и слично“.

„Државата (нефункционалниот систем) те принудува под притисок, да ги погазиш цивилизациските придобивки на организиран живот во група, во некакви атавистички, дивјачки пориви.

Ти мислиш дека малите етички компромиси се неважни и не забележуваш како потсвесно преку промени во однесување ги спушташ етичките стандарди.

Науката вели: ‘Лесно може да се сопнеме на нерамната патека на етичките пропусти. Луѓето на кои им се дава можност да се вклучат во мали етички компромиси имаат двојно поголема веројатност да ескалираат до големи неетички пропусти. Почитувањето на апсолутните етички стандарди помага да не се сопнеме.’

Среќен празник Македонијо.

Да живее Кант.“

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Теми и коментари

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more
 

Ново

  • filter

20 април 1945, Советите го нападнале Берлин

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе
  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе