Револуција во ЛШ: Се воведува „фудбалска недела“ по примерот на Супербоул

The Times, можеби најугледниот весник во светот, открива детали за револуционерните промени во Лигата на шампионите на УЕФА.

Ги смислија Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, и Насер Ал-Хелајфи, претседател на ПСЖ и Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА). Словенецот и Катарецот стојат зад целосното редизајнирање на најсилното европско, но и светско фудбалско натпреварување.

Лигата на шампионите во форматот каков што е сега суштински се менува од сезоната 2024/25. Наместо досегашните 32 клуба, во него ќе играат 36. Ќе се укине групното натпреварување и ќе се игра по лигашки систем, сите во една група.

Ова се менува за на секој клуб да му се гарантираат најмалку 10 натпревари против исто толку различни противници, пет домашни и пет натпревари на гости. На крајот на вакво првенство, осумте најдобри ќе одат во осминафиналето, клубовите пласирани од 9. до 24. место ќе играат во плеј-офот за осминафиналето. Останатите 12 би отпаднале од конкуренција.

Фајнл-фор и фудбалска недела по моделот на Супербоул

Сепак, сето ова беше познато и претходно. Голема вест е што споменатото дуо се подготвува и за промена на финалето на Лигата на шампионите. The Times наведува дека наскоро наместо елиминациската фаза од полуфиналето со по два натпревара, фајнл-форот ќе се игра со по еден натпревар, што би ги дале финалистите.

Фајнл-форот би се играл во еден град, каде би се играле сите три завршни натпревари.

„Мислам дека тоа би било навистина добро. Погледнете го Супербуолот. Американците одлично се забавуваат на ваков голем настан“, рече Чеферин пред седум месеци во интервју за The Times, кој сега го открива името на Супербуолот на Чеферин: Фудбалска недела. Толку би траел овој спектакл на модерниот фудбал.

Короната ја принуди УЕФА на сличен турнир, а потоа беше воодушевена од концептот

Истиот извор додава дека УЕФА станала склона кон оваа идеја откако финалето на Лигата на нации 2020 година принудно се играше во Португалија поради пандемијата на коронавирус. Откако короната ја принуди таму да го организира фајнл-ејт, реши да го пренесе и на новата Лига на шампиони. The Times посочува дека официјалното објавување на оваа вест е планирано на конгресот на УЕФА кој ќе се одржи во Виена на 11 мај.

Факт е дека со ваква промена во најинтересниот дел од натпреварувањето, ЛШ би била имала два полуфинални натпревара помалку, што значи многу помал приход од ТВ права. Од УЕФА одговараат дека одигрувањето на трите најважни натпревари во ист град носи огромен приход и во другите сегменти бидејќи стотици илјади навивачи и туристи доаѓаат до дестинацијата која ги организира полуфиналните и финалните натпревари и таму трошат богатство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе