„Резервен живот“ на Димковска во изборот 15 фантастични книги од Југоисточна Европа достапни на англиски

Александра Спасеска
/ 09.02.2022 / 13:39

Леа Рејчел фон Есен, автор на книжевната веб-страница Book Riot ја вброи книгата „Резервен живот“ на македонската писателка Лидија Димковска меѓу 15-те фантастични книги од Југоистоична Европа кои се достапни на англиски јазик.

Фон Есен вели дека ја користела дефиницијата за Југоисточна Европа како: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Молдавија и Словенија, обидувајќи се да вметне во изборот по барем еден автор од секоја од земјите.

„Многу од овие земји беа низ превирања во изминатиот век. По распадот на Југославија во 1991 година, беа исцртани нови граници и отцепувања, насилство и нови политички режими го преминаа регионот. Преминот во градење нација, во прашањата за јазикот и меморијата, во обидот да се најде смисла за насилството и политиката, предизвика нов притисок во националната литература, оживување што доведе до нови романи на хрватски, српски, романски, бугарски и многу други јазици“, пишува таа.

„Овие земји (од околу 12,5 милиони луѓе) се поврзани по регион, но тие се составени од огромен мозаик на култури, етникуми, јазици и, се разбира, литература. Сепак, многу од современите автори од овие земји остануваат релативно непознати, а премалку книги од регионот стигнаа до нас во превод на англиски јазик“, продолжува авторката на изборот.

Романот „Резервен живот“ е издаден од издавачката куќа „Или-или“ во 2012 година. Според тематиката, романот спаѓа во групата романи-хроники во кои се прикажува нечија животна биографија. За овој роман, Димковска ја доби наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“ за најдобар роман, како и наградата на Европската унија за 2013 година. Романот е преведен уште и на словенечки, унгарски и бугарски јазик.

Во описот на романот преведен од Кристин Е. Крејмер, Фон Есен вели: „Злата и Сребра се сијамски близначки, поврзани кај главите. Нивниот живот во Скопје е често тежок - тие се третирани лошо, изолирани, а нивното семејство нема многу. Двете девојки имаат многу различни надежи за иднината, и двете често сонуваат за денот кога некако ќе ги најдат парите што би можеле да им овозможат операција за разделување. Колку повеќе растат, толку повеќе очајуваат од можноста - и кога Сребра ќе одлучи дека сака да се омажи, тоа ја загрозува нивната и онака кревка стабилност. Во оваа метафора за трансформацијата на Македонија, Димковска пишува долга, цврсто исткаена приказна за идентитетот и што значи да се има независност“.

Целосниот избор можете да го погледнете ТУКА.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе