Резолуцијата за државните позиции за евроинтеграциите во собраниска процедура

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат. За тоа кога таа ќе се најде на пленарна седница треба да одлучи претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој вчера за ТВ 24 изјави дека сè уште официјално не ја примил резолуцијата и дека ако таа ги исполнува условите ќе се најде на дневен ред во Собранието.

– Официјално не сум го примил документот и не знам што пишува. Основ за мене е тоа што ќе го примам во соодветна процедура како официјален документ, а не во медиуми. За мене официјално е кога ќе го добијам на маса, и според Деловникот ќе дадам став, истакна претседателот на Собранието.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во изјава за медиумите истакна дека оваа Предлог-резолуција во онаа форма во која што веќе беше споделена со сите пратеници е предложена со цел да помине со најширок можен консензус.

– Цениме дека оваа Предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество. Тоа што би сакал денес да го порачам и апелирам, согласно Деловникот секој пратеник има право да се придружи со свој потпис на ваква Предлог-резолуција од моментот кога таа е предложена, рече Милошоски.

Тој ги повика пратениците на СДСМ, ЛДП, Левица, Алијанса, ДОМ, Демократски сојуз и сите други пратеници, уште од денеска да го стават својот потпис и да се придружат на оваа Предлог-резолуција за утврдување на македонските државни позиции за евроинтеграции се со цел да не се дозволи блокадите и „националните понижувања“ да станат предмет на преговори и „виткање на кичма“ во некој следен период.

– Се надевам дека пратениците и партиите кои што декларативно истакнаа дека ќе ја поддржат Предлог-резолуцијата таква каква што е, од денес па во следните неколку дена истата ќе ја потпишат и очекуваме претседателот на Собранието Џафери, во најскоро можно време истата да ја стави на пленарна седница за да можеме да се изјасниме, очекувајќи дека ќе имаме широк политички консензус, истакна Милошоски.

Милошоски рече дека за да се донесе Резолуцијата потребно е просто мнозинство, но оти целта на опозициската партија е што повеќе пратеници да ја поддржат.

– Во државата секогаш граѓаните биле солидарни едни кон други без разлика на политичката партија или етничката припадност, меѓутоа оваа резолуција заслужува широка поддршка. Доколку не се работи за смислена тактика на СДСМ и ДУИ, едните декларативно да поддржуваат а другите процедурално или содржински да кочат, ако за тоа станува збор тогаш ќе се примети таквото однесување, затоа за а се биде на чисто ние повикуваме уште денеска секој пратеник кој што декларативно се изјаснил дека ја поддржува содржината на оваа резолуција да го стави својот потпис на истата за таа да може да добие поголема тежина и со тоа да се очекува поширок политички консензус, рече Милошоски.

Очекувањата се дека пратениците на СДСМ, ДОМ, Левица, ДС и ЛДП кои се изјаснија за декларацијата ќе ги стават потписите на овој документ и таа во најскоро време ќе се изгласа.

ДУИ, односно министерот за надворешни работи Бујар Османи, смета дека процесот треба да почне од нула плашејќи се дека ќе бидат загрозени позициите на земјата во делот на евроинтеграциските процеси.

– Се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позиција, вели Османи.

И покрај притисоците од опозицијата, посочи министерот, не навлеговме во негативен дискурс со Бугарија и пред очите на светот добивме признание дека ние сме во право.

Тој вчера во Дневникот на ТВ Сител рече дека сепак доколку се постигне согласност, ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата, но оти како министер за надворешни работи смета оти покредибилна ќе биде позицијата на сите чинители доколку се задржи консензус по однос на овие прашања.

Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива својот став ќе го изнесат денеска.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе